Док Риверс повеќе не е тренер на Клиперс

По седум сезони, Док Риверс е отпуштен и повеќе не е тренер на Лос Анџелес Клиперс, пренесуваат американските медиуми. Риверс работеше со тимот од 2013 година.

Под водство на Американецот, Клиперс никогаш не стигнаа до финалето на Западната конференција.

Оваа сезона ЛА Клиперс беа елиминирани во конференциското полуфинале од НБА плејофот од страна на Денвер Нагетс и покрај водството од 3-1 што го имаа по четвртиот меч.

Подоцна загубија три последователни средби и серијата ја завршија со 3-4. 

„Им благодарам на Клиперс што ми овозможија да им бидам тренер и им благодарам за целата поддршка што ми ја дадоа. Кога ја презедов екипата за цел имав да направам победнички состав, дестинација во која секој слободен играч ќе сака да дојде за да ја освоиме шампионската титула. Успеав да исполнам многу цели, додека некои други ги изгубив од вид, па сум многу разочаран што тоа се случи, кога знаете дека вашиот тим има можност да биде шампион и вака да заврши, не е лесно. Им благодарам на сите тренери, играчи и останати кои беа дел од тимот додека бев тренер. Најмногу сум им благодарен на навивачите, минавме заедно низ многу работи и благодарен сум што бевме дел од истиот тим“, изјави Док Риверс.

URL
Тагови
реклама

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе