Доколку утрешната блокада нема исход, Скопје ќе биде целосно блокирано в понеделник

Координативното тело на приватните превозници утре со почеток од 6 часот ќе го блокираат булеварот „Илинден“ од семаформите после Влада до „МИ-ДА“. Ќе биде блокирана само десната летна од булеварот.

– Добивме известување од организаторите на Златно славејче дека утре по три години повторно ќе се одржи фестивалот и ќе има посетители и од другите градови. Нè замолија, протестот да го одложиме или нешто друго да се направи со цел тие да стигнат и да бидат присутни. Тоа е емпатија на којашто не можеме да останеме рамнодушни. Пренесов и одредени сугестии од граѓани кои посочија протестите да се одржат пред Град Скопје, бидејќи не мора сите граѓани да го трпат ова, изјави денес директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски.

Доколку утрешната блокада нема исход, директорот на „Слобода превоз“ најави дека в понеделник, почнувајќи од 6 часот главниот град ќе биде целосно блокиран.

– Ова е најава од приватните превозници дека можеби уште повеќе ќе се засилат и радикализираат протестите. Нервозата расте, загрижени се, ги пратат изјавите и состојбата е многу напната, затоа апелираме до сите институции, дури и државните, да се вклучат како медијатори во решавање на овој проблем, со цел оваа ситуација да не ескалира, истакна Јовановски.

Ако градоначалничката се грижи за јавниот интерес, Јовановски вели дека во интерес на тоа ќе седнат заедно на маса и ќе изнајдат соодветно решение за излез од оваа криза.

– Бројот на автобуси на приватните превозници е толку мал што ЈСП лесно може да се соочи и да го покрие тој вакуум. Вкупниот број на возила на „Слобода превоз“ што добиле изводи од лиценца да вршат превоз, е 131. Од она што го знам од „Мак-експрес“ е дека таму има 77 автобуси, што значи дека се вкупно 208 автобуси кои вршат превоз во Град Скопје, информираше Јовановски.

Презентирајќи документите, Јовановски ја демантираше изјавата на директорот на ЈСП оти долгот не постои.

– Дека не е така покажуваат сметководствените картички, аналитичката картичка на ЈСП која ја имаме добиено вчера на 30.11.2022 година во 10:53 часот. Состојбата што стои кај нив укажува дека има долг од 61.812.593 денари. Долгот е неспорен зашто добивме денеска известување за извршување на платен налог каде го бараме тој долг. Овој долг се однесува за половина од август, цел септември и цел октомври. Долгот со доаѓањето на Данела Арсовска за градоначалник изнесува вкупно 19.811.516 денари, а сега е зголемен повеќе за три пати односно 300 проценти, соопшти директорот на „Слобода превоз“:

Вели дека овој долг не може да биде спорен бидејќи ниту „Слобода превоз“, ниту „Мак-експрес“ сами не ги изготвуваат фактурите, туку на претходно изработен табеларен извештај со сите податоци во него, бројот на километри, цената по километар, тоа го работи нивниот контролен центар и таа табела и извештај оди на верификација во Град Скопје.

– Зошто се зголемува долгот во континуитет е тоа што директорот на ЈСП, како претходниот, така и овој, од јануари е престаната праксата да се исплаќаат аванси кои се обврска на директорот да ги прави и дава бидејќи така е регулирано во договорот. Задолжен е да врши неделни авансни уплати, рече Јовановски.

Јовановски го отфрли обвинувањето од градоначалничката Данела Арсовска дека во изминатите години приватните превозници не пријавиле ниту еден продаден билет во приватните автобуси.

– Тоа што го изнесе градоначалничката на прес-конференција, можеме да потврдиме дека во опишаниот период, ниту сме задолжувале карти, ниту приватните превозници во своите автобуси ги продавале картите. Целиот тој процес од изработка, цена, набавка, дистрибуција и приход по секој основ од тие билети завршуваат и ги прави ЈСП. Ако тие пари завршуваат на друго место, тоа ќе треба тие да кажат, вели Јовановски.

Причината за непродавање на билети во приватните автобуси, тој вели дека е поради нефункционалноста на фискалните апарати.

– Фискалните апарати не функционираат ниту во „Слобода превоз“ ниту во „Мак-експрес“, а ниту во ЈСП, но не по наша вина, туку по вина на тој што ги набавил. Нивните барања да продолжиме да продаваме билети без фискални сметки се постојани. Каков интерес имал некој од тоа, мене не ми е јасно. Тоа барање траеше во континуитет и беше одбивано во континуитет од моја страна со причина, истакна директорот на „Слобода превоз“.

Вели дека нема да продаваат билети бидејќи не работат фискалните принтери и постојано ги носат на поправка. За да се ослободи ЈСП од тој товар, Јовановски вели дека на 6 декември 2018 година биле информирани преку допис што гласи: „Доколку се појави каков било дефект со фискалните принтери вие сте должни дефектот да го пријавите како што го правевме тоа досега, но возачите не треба да го вадат принтерот од возилото или да дојдат со возилото на претходно место за сервисирање. Во преостанатиот период возилата коишто имаат проблем со фискалните принтери ќе бидат само евидентирани од страна на ЈСП и тоа ќе биде се до оној момент кога ќе се направи договор со овластениот сервисер, а кога ќе се постигне договор ќе бидете информирани“. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе