Докопан во сос од бело вино и сенф

Сочно месо што се распаѓа - докопанот крчкајте го во сос од вино и сенф.

Ако не можете да го замислите ручекот без месо, ви препорачуваме да пробате пилешко подготвено на овој начин. Можете да користите копани или докопани, а месото се крчка во миризлив сос од бело вино и сенф. Многу е едноставно, а како прилог можете да послужите претходно сварени тестенини. Сочниот докопан се подготвува брзо, а состојките не се многу скапи.

Потребни состојки:

  • 4-5 копани или докопани (без коски)
  • малку рузмарин
  • 1 нишка магдонос
  • брашно
  • путер
  • 1,5 виолетова главица кромид
  • 2 чаши бело вино
  • 2 лажици сенф
  • тестенини по вкус
  • 250 гр чери домати

Подготовка:

Зачинете го месото со сол и бибер, а потоа посипете брашно од двете страни. Во тава растопете го путерот, па пропржете го месото од двете страни. Извадете го од тавата, а потоа додадете го виолетовиот кромид исечкан на резанки. Кога ќе омекне, се прелива белото вино, се вари 5 минути, па се додаваат сенфот и рузмаринот, па се меша. Вратете го месото, покријте го, намалете го огнот и оставете уште 10 минути. Во меѓувреме сварете ги тестенините. Во готовото месо додадете ги чери доматите што претходно сте ги преполовиле и оставете ги на шпорет уште 5 минути. Украсете со сечкан магдонос.

реклама

Едно овошје е број еден за намалување на крвниот притисок

Read more

Решението за лошиот здив од лукот стои во фрижидерот

Read more

Зошто археолозите стравуваат да ја отворат гробницата на првиот кинески император?

Read more

Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа сега има улица во Скопје

Read more

Рецепти

Џамбалаја - американски специјалитет од ориз, пилешко и колбаси

Read more

За гурмани: Пекарски компир со сланина и кашкавал

Read more

Рецепт на денот: Особуко - милански говедски специјалитет

Read more

Рецепт на денот: Бело месо во ароматичен сос

Read more
 

Магазин

Фројд, грешка си: Пикањето на емоциите „под тепих“ сепак не е толку страшно?

Читај повеќе

Експертите предупредуваат на „тивкиот убиец“ без симптоми

Читај повеќе

4 сериозни болести може да се откријат по симптоми што се појавуваат на усните

Читај повеќе

Решението за лошиот здив од лукот стои во фрижидерот

Читај повеќе

Едно овошје е број еден за намалување на крвниот притисок

Читај повеќе

Колку секс во просек има жената во брак?

Читај повеќе

Модната еволуција на Скопје - спојување на стилот и одржливоста на 27. издание на Моден викенд Скопје

Читај повеќе

Кои се карактерни особини на добрите татковци?

Читај повеќе

Прегледи кои жените не треба да ги избегнуваат после 30-тата година

Читај повеќе