Докторка од Итна медицинска помош вчера била физички нападната додека прегледувала пациент во село Волково.
На 16.12.2018 година во 16:10 часот било пријавено дека во село Волково, во двор додека С.М.(53) лекар во Итна медицинска помош била на интервенција и извршувала работни задачи кај пациентот Д.Т., физички била нападната од страна на М.Т.(24).
Полициски службеници презеле соодветни мерки и активности и против М.Т. е поднесен соодветен поднесок.