Доларот благо зајакна, цената на нафтата порасна

На повеќето азиски берзи цените на акциите пораснаа, како и претходниот ден на Волстрит, додека вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо зајакна, по вчерашниот пад.

Азискиот индекс MSCI во 7:00 часот порасна за 0,2 отсто.

Истовремено, на токиската берза индексот Nikkei зајакна за 0,4 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја и Австралија пораснаа меѓу 0,1 и 0,9 отсто. Во Хонгконг и Шангај, пак, тие паднаа меѓу 0,2 и 1 процент.

Кинеските берзански индекси се лизнаа на најниските нивоа во последните две недели, бидејќи остануваат под притисок од кризата на пазарот на недвижности, забавувајќи го економскиот раст и ризикот дека новиот американски претседател Доналд Трамп ќе ги зголеми царините за увоз на кинески производи.

Цените на акциите пораснаа и на другите берзи во регионот, како и вчера на Волстрит. Сепак, Dow Jones загуби 0,13 отсто, но S&P 500 зајакна 0,39 отсто, а Nasdaq индексот за 0,60 отсто.

Во исто време, цените на акциите најмногу пораснале во енергетскиот сектор, во просек за 1,05 отсто, а најмногу паднале во индустрискиот сектор.

Немаше значајни вести бидејќи инвеститорите ги очекуваат кварталните деловни резултати на Nvidia, кои ќе бидат објавени во среда.

Акциите на производителот на чипови се меѓу најголемите добитници во последниве години, благодарение на еуфоријата околу развојот на вештачката интелигенција.

Деловниот извештај ќе покаже дали сè уште има простор за раст на цената на акциите на Nvidia или доаѓа корекција.

Во фокусот на инвеститорите оваа недела ќе бидат кварталните деловни резултати на трговските синџири, како што се Walmart, Target и Lowe's, кои ќе покажат каква била продажбата во пресрет на претстојната предбожиќна потрошувачка сезона.

И на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо порасна, по вчерашниот пад.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава достигна 106,20 поени, додека вчера во ова време беше 106,12 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута ослабна за 0,10 отсто, на 154,50 јени.

Сепак, американската валута благо зајакна во однос на европската, за 0,15 отсто, па цената на еврото се лизна на 1,0585 долари.

Цените на нафтата, пак, благо пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,11 отсто, на 73,40 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,09 отсто, на 69,20 долари.

реклама

УХМР издаде предупредување за невреме на ниво на цела држава

Read more

Брнабиќ: 500.000 луѓе во земја со 3,5 милиони жители извикуваа „За дом, спремни“

Read more

Од 21 јули Грција им наплаќа нова такса на туристите

Read more

Украина ноќеска со дронови ги нападна Москва и Санкт Петербург

Read more

Бизнис

Топлотните бранови и економијата: Како екстремната топлина влијае врз производството и цените на храната?

Read more

Еврото ослабе, доларот зајакна откако Трамп се закани со 30% царини за ЕУ и Мексико

Read more

Биткоинот за прв пат над 120.000 долари, Трамп: Јас сум крипто-претседател

Read more

Nvidia вреди повеќе од Mercedes, Siemens, Deutsche Telekom и Volkswagen заедно

Read more
 

Вести

НАТО би можел да го освои руски Калининград незамисливо брзо, вели американски генерал

Читај повеќе

Француската војска по повеќе од два века се повлече од Сенегал

Читај повеќе
  • filter

Охридско Езеро крие древна тајна: Ова откритие менува сè што знаеме за Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

Зеленски потврди: Преговарам за мегадоговор со Трамп, ова е пресвртница

Читај повеќе
  • filter

Ла Ниња се враќа: Дали нè очекува екстремна зима?

Читај повеќе

Британија ќе ја намали возрасната граница за гласање на 16 години

Читај повеќе

Продолжен рокот за ангажирање на 400 пожарникари: Има силен инетерес

Читај повеќе

УХМР издаде предупредување за невреме на ниво на цела држава

Читај повеќе

Топлотните бранови и економијата: Како екстремната топлина влијае врз производството и цените на храната?

Читај повеќе