Доларот на најдобро ниво во последните 20 години, поскапува нафтата

На азиските берзи утрово се тргува внимателно бидејќи развојот на ситуацијата во повеќето економии во светот не поддржува поризични инвестиции, додека вредноста на доларот во однос на кошницата валути достигна ново највисоко ниво во последните 20 години.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, беше во минус од 0,4 отсто околу 6:30 часот.

Истовремено, на токиската берза индексот Nikkei ослабе за 0,1 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја и Хонгконг паднаа меѓу 0,2 и 1,2 отсто. Во Австралија и Шангај се зголемени за 0,1 отсто. На азиските берзи има претпазливост бидејќи новите макроекономски податоци укажуваат на натамошно забавување на растот на кинеската економија, што може да има негативно влијание врз другите економии во регионот.

Покрај тоа, инвеститорите се загрижени за ситуацијата во Европа, каде енергетската криза може да предизвика рецесија. За време на викендот, Германија објави дека планира да потроши 65 милијарди евра за заштита на граѓаните и бизнисите од зголемените трошоци, додека Финска и Шведска понудија финансиски гаранции за да ги одржат енергетските компании отворени.

Сето тоа е последица на недостигот на енергија и силното зголемување на нивните цени поради војната во Украина. Дополнително, поради високата инфлација, се очекува дополнително агресивно зголемување на каматните стапки и во САД и во Европа, што дополнително ќе го забави растот на економиите.

Доларот е најсилен во последните 20 години, цената на нафтата порасна

А на валутниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути дополнително порасна, откако растеше три недели по ред, достигнувајќи ново 20-годишно ниво. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава достигна 110,08 поени, додека во петокот навечер беше 109,50 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 140,12 на 140,20 јени, што е ново највисоко ниво во последните 24 години. Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 0,9903 долари, блиску до најниското ниво во последните 20 години.

Еврото е под притисок бидејќи рускиот енергетски гигант Газпром во петокот објави дека нема да продолжи со испораките на природен гас за Германија преку Северен поток 1 поради истекување нафта. А тоа може да ја продлабочи енергетската криза во еврозоната и да ја турне економијата во рецесија. Од друга страна, рекордно високата инфлација во тој блок ја притиска Европската централна банка за агресивно заострување на монетарната политика.

„Сè упатува на слабеење на еврото. Има многу негативни вести од европските економии, така што мислам дека падот на еврото би можел да продолжи оваа недела“, рече Керол Конг, стратег на Комонвелт банка на Австралија.

Цените на нафтата, пак, пораснаа по минатонеделниот пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар се зголеми за 1,75 долари, на 94,75 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот поскапе за 1,65 долари, на 88,50 долари.

Трговците ќе се фокусираат на состанокот на членките и партнерите на ОПЕК во понеделник. Се очекува дека ОПЕК ќе го задржи производството на сегашното ниво, но можно е и малку да го намали за да ги поддржи цените, велат аналитичарите.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Бизнис

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Read more

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Read more

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Read more

Раст на Волстрит по три дена пад

Read more
 

Вести

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе