На девизните пазари индексот на доларот, кој ги мери перформансите на американската во однос на шест други светски валути, се движи околу најниското ниво во последните пет месеци од 103,71 поени.

Така, индексот на доларот е речиси 6 отсто под највисокото ниво во последните две години од 110,17 поени, кое го достигна во средината на јануари благодарение на оптимизмот во тоа време дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе го поттикне глобалниот економски раст. Во меѓувреме, неговите трговски политики ги загрижија инвеститорите, бидејќи може да предизвикаат рецесија.
Курсот на еврото утринава изнесува 1,0881 долар, нешто пониско од 1,0947 долари, нивото што го достигна минатиот вторник за прв пат од 11 октомври минатата година. Курсот на јенот сепак стагнира во однос на доларот на 148,7 јени.
Цената на барел нафта утринава порасна на светските берзи, откако американскиот министер за одбрана рече дека ќе продолжи со нападите врз Хутите во Јемен додека не престанат со нивните напади врз бродови, бидејќи инвеститорите се загрижени за можни прекини во снабдувањето со нафта. На лондонската берза барел сирова нафта од типот „брент“ поскапе за 1,06 отсто на 71,33 долари, а на американската WTI сирова нафта поскапе за 1,12 отсто на 67,94 долари.
Цената на златото утринава е на 2.991 долар за унца, откако во петокот за прв пат го проби нивото од 3.000 долари, додека инвеститорите во неизвесно економско опкружување, со засилувањето на светската трговска војна, бараат безбедно засолниште за својот капитал.