Доларот ослабна, цените на нафтата пораснаа

Вредноста на доларот во однос на кошницата валути опадна на финансиските берзи.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на другите шест најважни светски валути, е околу 93,25 поени, додека во петокот на затворањето на пазарот изнесуваше 93,30 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од 110,75 на 110,65 јени.

Доларот е стабилен во однос на европската валута, така што цената на еврото е околу 1,1720 долари, како и во петокот.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа, продолжувајќи ја нагорната линија што влезе веќе во четвртата недела, главно како резултат на прекините во производството во Мексиканскиот Залив по ураганите Ида и Николас.

По порастот од над 3 проценти минатата недела, цената на барелот на лондонската берза скокна утрово за 1,5 проценти, на 79,05 долари, новото највисоко ниво од октомври 2018 година.

На американската берза, барелот поскапе за 1,45 отсто, на 74,95 долари.

„Проценуваме дека овој раст ќе продолжи бидејќи дефицитот помеѓу понудата и побарувачката е поголем отколку што очекувавме. Затоа, проценуваме дека на крајот на годината цената на барелот на лондонскиот пазар ќе биде 90 долари, а не 80 долари како очекувавме претходно“, напишаа аналитичарите Goldman Sachs во преглед на состојбата на пазарот.

На повеќето азиски берзи, цените на акциите пораснаа во понеделникот, по падот минатата недела, но сепак се тргува внимателно поради неизвесноста околу кинеската компанија за недвижности Evergrande.

Берзанскиот индекс на азиско-пацифички акции MSCI, без јапонските, се зголеми за 0,3 проценти околу 7 часот наутро, откако паѓаше три недели по ред.

На берзата во Токио, индексот Nikkei падна за 0,1 отсто, а цените на акциите во Шангај паднаа за повеќе од 1 отсто. Во Јужна Кореја, Хонгконг и Австралија, пораснаа помеѓу 0,3 и 0,7 проценти.

Растот на цените се должи на нивната корекција по тринеделен пад и надежите на инвеститорите за нови стимулации, на пример, во Јапонија.

Но, берзите остануваат претпазливи поради неизвесната судбина на кинеската компанија за недвижности Evergrande.

Проблемите на Evergrande, предизвикани од падот на продажбата и огромните долгови, со денови вршат притисок врз кинеските пазари, бидејќи може негативно да влијаат на целиот сектор на недвижности.

Компанијата допрва треба да пријави што се случи со отплатата на каматата на обврзниците, која требаше да ја исплати минатиот четврток.

Меѓутоа, инвеститорите веруваат дека кинеските власти ќе помогнат доколку е потребно и доколку постои ризик проблемот да се прошири на целиот сектор.

Пазарите се поддржани и од фактот дека кинеските монетарни власти инјектираа свежи пари на финансиските пазари со цел да ја подобрат ликвидноста.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Бизнис

Драстичен пад на цената на биткоинот

Read more

Народна банка воведе новa веб-услуга за автоматизирано преземање податоци од Курсната листа

Read more

Силен раст на акциите на Apple и Nvidia

Read more

Дали Германија ќе се опорави од кризата?

Read more
 

Вести

Најмалку 20 тела во распаѓање пронајдени на брод во Бразил

Читај повеќе

Без вода дел од Карпош

Читај повеќе

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: Група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Читај повеќе

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд

Читај повеќе

Г7 подготвува мерки против Иран

Читај повеќе

Од ДУИ ме нарекуваат анти Албанец и ксенофоб затоа што гласно говорам за нивниот криминал, рече Мицкоски

Читај повеќе

Сообраќајка со полициско возило во Скопје, шестмина повредени

Читај повеќе

Деветвалентната ХПВ-вакцина достапна кај нас од следниот месец

Читај повеќе

Тепачка во штипскиот затвор, надвор стигнала и поддршка од 30 лица

Читај повеќе