Доларот порасна многу во 2024 година, цената на нафтата паѓа втора година по ред

На девизните пазари утрово благо падна вредноста на доларот во однос на кошничката валути.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 107,95 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 107,99 поени.

Овој индекс во текот на оваа година се зголеми за 6,5 отсто.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута скокна за повеќе од 10 отсто, па утринава се движи околу 156,50 јени.

Годинава и американската валута зајакна во однос на европската за речиси 6 отсто, па цената на еврото последниот ден од годинава се движи околу 1,0415 долари.

Цените на нафтата на работ на пад втора година по ред

Цените на нафтата, пак, втора година по ред се на пат кон загуба.

Цената на барелот на лондонскиот пазар е во минус во однос на почетокот на годината за околу 3,2 отсто и утринава е околу 74,40 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот годинава е намалена за 0,6 отсто. па неговата цена е околу 71,65 долари.

На Волстрит индексите годинава се на пат кон значително поголеми добивки, иако значително паднаа вчера, претпоследниот ден од тргувањето годинава.

Цените на акциите годинава пораснаа и на европските берзи. Индексот на најважните европски акции STOXX 600 забележа раст од 5,5 отсто, значително побавно од MSCI индексот на најважните акции во светот, кој скокна за повеќе од 16 отсто.

Повеќето азиски берзи пораснаа оваа година

На азиските берзи во вторникот се тргуваше мирно бидејќи немаше позначајни вести и затоа што неколку земји се затворени во пресрет на Нова година, а најголем дел од берзите во регионот забележаа раст оваа година, како и вредноста на доларот во однос на кошница со валути.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции беше намален за 0,2 отсто во 07:00 часот, но и оваа година е на пат кон добивка, втор пат по ред - за приближно 8 отсто.

Во Австралија, Тајван и Шангај утрово цените на акциите паднаа, додека во Хонгконг благо пораснаа.

Во Јапонија и Јужна Кореја на Нова година не се работи.

И покрај падот од утринава, шангајските берзански индекси годинава пораснаа за околу 14 отсто, што е нивен прв раст по две години пад.

Во Хонгконг, пак, по четири години пад, цените на акциите се зголемија за речиси 18 отсто во 2024 година.

„Растот на кинеските берзи оваа година изненади многу инвеститори, со оглед на бавниот раст на економијата. Но, инвеститорите беа охрабрени од стимулативните монетарни и фискални мерки, воведени во втората половина од годината“, пишуваат аналитичарите на компанијата Value Partners во осврт на состојбите на пазарите.

Во Јапонија, пак, индексот Nikkei оваа година скокна за околу 20 отсто.

Меѓу ретките губитници, пак, беше и јужнокорејскиот индекс Kospi, кој годинава падна за околу 9 отсто, што најмногу е последица на длабоката политичка криза во последните недели, која доведе до импичмент на претседателот.

Тагови
реклама

Бизнис

Трамп одобри да се купува руска нафта

Read more

Американски пилоти лаеле и мјаукале на фреквенцијата на контролата на летање

Read more

Унгарскиот форинт вртоглаво расте по поразот на Орбан

Read more

Стефано Габана поднесе оставка од Dolce & Gabbana

Read more
 

Вести

Израел и Либан ќе одржат втора рунда преговори за три дена во САД

Читај повеќе

Паѓа рејтингот на Трамп: Најнизок во неговиот втор мандат

Читај повеќе

Лукашенко му се закани на Западот: Не дај Боже...

Читај повеќе

Трамп: Израел не ме наговори на војна со Иран

Читај повеќе

И Кина се огласи за Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Кој е Румен Радев и каков бил неговиот политички пат?

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе

Нетанјаху го осуди сквернавењето на статуа на Исус од страна на војник на ИДФ во Либан

Читај повеќе

Кои европски земји ќе бидат најбогати до 2030 година?

Читај повеќе