Доларот зајакна, цената на нафтата порасна

Азиските берзи денеска се тргуваат внимателно, бидејќи новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави зголемување на царините, додека доларот зајакна во однос на кошничката валути.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции беше намален за 0,2 отсто во 7 часот наутро. Истовремено, индексот Nikkei се лизна за 1,4 отсто на берзата во Токио, додека цените на акциите во Австралија и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,5 и 0,6 отсто. Во Шангај и Хонгконг тие се зголемија за околу 0,3 отсто.

Доналд Трамп вчера најави дека штом ќе влезе во Белата куќа ќе ги зголеми царините за увоз на кинески производи за 10 отсто, а на Мексико и Канада за 25 отсто. Ова ги натера инвеститорите да бидат претпазливи, а повеќето азиски берзански индекси утрово се во минус.

Но, кинеските берзи благо пораснаа бидејќи зголемувањето на царините, велат аналитичарите, било очекувано.

„За време на претседателската кампања, Трамп најави воведување тарифи од 60 отсто за кинески производи, така што неговата нова порака за царини од 10 отсто е всушност позитивна“, објаснува Јанг Тингву, директор во Tongheng Investment.

Покрај тоа, инвеститорите се надеваат на нови стимулативни мерки од кинеските власти, со оглед на заканите на Трамп за царини.

„Кина веќе има искуство со трговската војна од првиот мандат на Трамп, така што сигурно веќе има планови како да се справи со тоа. Протекционистичката политика на Трамп може да ја охрабри Кина да го забрза процесот на постигнување самодоверба и замена на увозот“, вели Симон Ју, директор во Panyao Asset Management.

И на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 107,37 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 106,95 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 154,10 на 154,05 јени.

Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0460 долари, додека вчера во ова време беше 1,0480 долари.

Цените на нафтата, пак, повратија дел од вчерашните загуби. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,25 отсто, на 73,20 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,23 отсто, на 69,10 долари.

реклама

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Французинката која лажниот Бред Пит ја измами за 830.000 евра сега е бездомничка

Read more

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Македонски навивач го плукнал селекторот на Холандија

Read more

Бизнис

Експертите на Светскиот економски форум немаат добри вести за Европа во 2025 година

Read more

Русија заработила околу 3 милијарди евра даноци од компании од ЕУ

Read more

Голем пад на светските берзи, Дедо Мраз заборави да дојде

Read more

Падна ИТ системот на аеродромите во Германија

Read more
 

Вести

Трамп планира да почне масовна депортација на мигранти во Чикаго

Читај повеќе

Хрватски министер поднесе оставка откако се појави видео како пука од автомобил

Читај повеќе

Во сообраќајка кај Сарај повредени се четири лица

Читај повеќе

Македонски навивач го плукнал селекторот на Холандија

Читај повеќе

Скопје ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство во 2026 година

Читај повеќе

Евростат: Италија има најголем процент на лекари над 65 години во ЕУ

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

Читај повеќе

Цуцковски: Заедно со новите селектори ќе создадеме врвна уметничката програма на Охридско лето

Читај повеќе

Финансиската полиција со кривични пријави против 3 физички и 2 правни лица: Ги фалсификувале и уништувале деловните книги

Читај повеќе