Доларот зајакна, цените на нафтата продолжуваат да растат

На азиските берзи денеска цените на акциите паднаа, како и на Волстрит претходниот ден, бидејќи инвеститорите се спротивставуваат на ризикот пред американскиот извештај за вработување, што може да има значително влијание врз насоката на пазарот.

Индексот на MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, беше намален за 0,85 отсто околу 07:00 часот, по тридневен раст.

Истовремено, на токиската берза индексот Nikkei ослабна за 0,6 отсто, додека цените на акциите во Австралија и Хонконг паднаа меѓу 0,5 и 1,1 отсто. Во Јужна Кореја маргинално се зголемија, додека во Шангај се уште нема работа поради празниците.

По тридневен раст, азиските берзи утрово паднаа, следејќи ја насоката на американските берзански индекси. На Волстрит, Dow Jones вчера загуби 1,15 отсто, додека S&P 500 се лизна за 1,02 отсто, а Nasdaq индексот 0,68 отсто.

По силниот скок на почетокот на неделата, овие индекси паднаа втор ден по ред бидејќи инвеститорите не сакаа да преземат поголем ризик пред американскиот извештај за работните места што треба да излезе во петок, а кој би можел да има значително влијание врз насоката на пазарот.

Аналитичари: Во септември бројот на вработени е зголемен за 250.000

Аналитичарите во анкетата на Reuters проценуваат дека бројот на вработени се зголемил за 250.000 во септември.

Поголемиот раст на вработеноста може да им наштети на акциите бидејќи тоа би значело дека пазарот на трудот останува силен и ФЕД може да продолжи агресивно да ги зголемува каматните стапки.

Послабиот раст на вработеноста би значел, од друга страна, спротивното - дека пазарот на труд слабее. А тоа би можело да ги ослаби инфлаторните притисоци, што, пак, би можело да ја натера ФЕД да го забави темпото на зголемување на цената на парите.

На почетокот на неделата цените на акциите нагло пораснаа токму поради тоа што на пазарот преовладуваше мислењето дека ФЕД може да го забави темпото на зголемување на каматните стапки.

ФЕД не попушта

Сепак, челниците на централната банка од ден на ден повторуваат дека не се откажуваат од својот приоритет - сузбивање на инфлацијата по секоја цена.

Чарлс Еванс, претседател на филијалата на ФЕД во Чикаго, вчера изјави дека очекува дополнително зголемување на каматните стапки за 1,25 процентни поени до крајот на годината, бидејќи податоците за инфлацијата се разочарувачки.

Поради ова, пазарот на пари сега проценува дека ФЕД ќе ги зголеми клучните каматни стапки за агресивни 0,75 процентни поени на дводневната сесија на 1 и 2 ноември, четврта сесија по ред.

Инвеститорите стравуваат дека агресивното зголемување на каматните стапки може да предизвика рецесија.

„Постои можност со дополнително зголемување на каматните стапки ФЕД да ја турне економијата во рецесија“, вели Џејсон Прајд, директор во Гленмед.

Доларот зајакна, цените на нафтата продолжуваат да растат

И на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна втор ден по ред, по пораките на шефот на ФЕД за натамошно агресивно зголемување на каматните стапки.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 112,30 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 110,85 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 144,55 на 145,05 јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 0,9790 долари, додека вчера во ова време беше 0,9915 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, растат петти ден по ред бидејќи се поддржани од одлуката на ОПЕК и нејзините сојузници од картелот да го намалат производството во наредните месеци.

Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 19 центи, на 94,60 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 24 центи, на 89,37 долари.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе