Доларот зајакна десетта недела по ред – ова не се случило 10 години

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути повторно порасна минатата недела, 10-та по ред, откако американската централна банка процени дека каматните стапки би можеле да останат покачени подолго од очекуваното.

Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, се зголеми за 0,2 отсто минатата недела на 105,58 поени, блиску до највисокото ниво во последните шест месеци.

Истовремено, доларот во однос на европската валута зајакна за 0,1 отсто, па цената на еврото се лизна на 1,0653 долари.

Курсот на доларот порасна и во однос на јапонската валута, за 0,4 отсто, на 148,37 јени.

„Ова не се случило 10 години“

Јакнењето на доларот 10 недели по ред не е забележано речиси 10 години, а е последица на минатонеделните проценки на американската централна банка.

На редовната седница, челниците на ФЕД ги оставија клучните каматни стапки непроменети минатата недела, но беа објавени нови проценки според кои повеќето од нив очекуваат дека поради зголемената инфлација, каматните стапки ќе треба да се зголемат за 0,25 процентни поени до крајот на година, во опсег од 5,50 до 5,75 отсто.

Прогнозите на лидерите на ФЕД исто така укажуваат дека каматните стапки би можеле да останат на покачени нивоа подолго од очекуваното.

Имено, тие проценуваат дека каматите може да се намалат двапати следната година, два помалку отколку што очекуваа во јунските проценки. Така, следната година каматната стапка би се намалила за вкупно 0,50 процентни поени, на 5,1 отсто.

На прес-конференција, претседателот на ФЕД Џером Пауел во средата рече дека е постигнат напредок во борбата против инфлацијата, но дека стапката треба да биде уште помала за да се каже дека инфлацијата е надмината.

Намален ризик од рецесија

Лидерите на ФЕД проценуваат дека инфлацијата би можела да падне на целните нивоа од околу 2 отсто само во 2026 година.

Економијата, пак, сѐ уште е силна, па ризикот од рецесија е намален.

ФЕД ја зголеми проценката за растот на бруто домашниот производ (БДП) оваа година на 2,1 отсто, што е двојно повеќе во споредба со претходните проценки. Следната година растот би можел да забави до 1,5 отсто.

А сите најнови податоци покажуваат дека американската економија расте побрзо од другите најголеми економии во светот.

Од друга страна, некои извештаи сугерираат дека економијата на еврозоната најверојатно ќе се намали во третиот квартал.

„Американската економија продолжува да расте постабилно од остатокот од светот и ми се чини дека ќе продолжи да расте уште некое време“, вели Мајкл Браун, аналитичар во Trader X.

Тагови
реклама

Што треба да проверите во автомобилот пред да тргнете на патување?

Read more

Kia: Немаме друг избор

Read more

Лето 2025: Кои се најевтините дестинации во Црна Гора?

Read more

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препираат: Чија заслуга е реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум?

Read more

Бизнис

Доларот зајакна, цените на нафтата растат по израелскиот напад врз Иран

Read more

Акциите на Boeing нагло паднаа по авионската несреќа во Индија

Read more

Драстично поскапуваат цигарите во ЕУ

Read more

OpenAI стигна до заработка од 10 милијарди долари

Read more
 

Вести

Кои земји имаат најмногу боеви глави во 2025 година?

Читај повеќе
  • filter

13 јуни 1943, загинал македонскиот поет Кочо Рацин

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор бран израелски напади, „обезглавено“ иранското воено раководство

Читај повеќе
  • filter

„Чиста петка“ од прилепската публика за „Слепци“ на Турски театар  - Скопје

Читај повеќе

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препираат: Чија заслуга е реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум?

Читај повеќе

За двајца поранешни министри запрена постапката за трагедијата во Кочани

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавени снимки од експлозиите во нуклеарниот комплекс на Иран

Читај повеќе

Владата блокира уште 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, информира Меџити

Читај повеќе

Нови детали од истрагата за пожарот во „Пулс“

Читај повеќе