Доларот зајакна, еврото ослабе

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути повторно порасна минатата недела, втор пат по ред, бидејќи ФЕД нема да ги намали каматните стапки толку брзо како што се очекуваше, додека еврото е под притисок поради политичката неизвесност во Франција.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела порасна за 0,3 отсто на 105,83 поени.

Истовремено, вредноста на доларот во однос на европската валута се зголеми за 0,1 отсто, па цената на еврото се лизна на 1,0693 долари.

Инфлацијата сè уште е над целните нивоа

Курсот на доларот порасна и во однос на јапонската валута, за 1,5 отсто, достигнувајќи 159,80 јени, највисоко ниво за речиси два месеци.

Во фокусот на инвеститорите минатата недела беа изјавите на голем број лидери на американската централна банка. Повеќето од нив рекоа дека инфлацијата се уште е над целните нивоа од 2 отсто и дека нема да брзаат со намалување на каматните стапки.

Дотолку повеќе што сите најнови податоци покажуваат дека најголемата светска економија продолжува да расте, што би можело да ја поддржи инфлацијата на покачени нивоа.

Според неодамна објавените проценки, челниците на ФЕД очекуваат само едно намалување на каматната стапка оваа година за 0,25 процентни поени.

Затоа, се чини дека ФЕД ќе ги задржи каматните стапки на покачени нивоа подолго од централните банки во Европа.

ЕЦБ почна да ја олабавува монетарната политика

Неодамна Европската централна банка започна циклус на олабавување на монетарната политика, а минатата недела швајцарската централна банка по втор пат оваа година ги намали каматните стапки за 0,25 процентни поени.

Иако британската централна банка (BoE) ги остави каматните стапки непроменети на состанокот минатата недела, се очекува дека лидерите на BoE наскоро ќе ја намалат цената на парите.

Поради ова, американската валута зајакна во однос на повеќето европски, меѓу другите, и во однос на еврото, чиј курс се лизна под 1,07 долари.

Еврото под притисок поради неизвесноста во Франција

Еврото е под притисок поради политичката неизвесност во Франција, откако неодамна претседателот Емануел Макрон одлучи да распише вонредни парламентарни избори за крајот на овој месец и почетокот на јули, бидејќи екстремно десничарската партија на Марин Ле Пен победи на изборите за Европскиот парламент.

„Изгледа дека инвеститорите се двоумат да направат посилни потези пред изборите во Франција, бидејќи тоа е сега фокусот во Европа“, рече Ерик Нелсон, стратег во Wells Fargo.

Тагови
реклама

Бизнис

Анализа на Сојузот на стопанските комори: Супермаркетите работат со ниски профити, доставувачите го диктираат пазарот

Read more

НБРМ: Kаматната стапка на благајничките записи се намалува, останатите каматни стапки се непроменети

Read more

УЈП ги објави податоците: За колку падна прометот на маркетите поради вчерашниот бојкот?

Read more

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Read more
 

Вести

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Читај повеќе

34-годишен маж силувал дете во напуштен локал во Тетово, па избегал

Читај повеќе

Уапсен велешанец со 11 килограми опиум

Читај повеќе

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Читај повеќе

Синедејс 2025 отвора повик за кратки филмови

Читај повеќе

Камбовски: Комисијата да одлучува внимателно во постапката за Јованов, чувствително е оти предметот е пред Апелација

Читај повеќе

Здружението на судиите: Јавната осуда на судија не смее да биде поткрепена со непотврдени шпекулации

Читај повеќе

Се степале двајца лекари во операциона сала во штипската болница

Читај повеќе

Анализа на Сојузот на стопанските комори: Супермаркетите работат со ниски профити, доставувачите го диктираат пазарот

Читај повеќе