Доларот зајакна, еврото паѓа

На светските берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна минатата недела бидејќи се очекува американската ФЕД наскоро дополнително да ги зголеми каматните стапки, додека европските и јапонските централни банки нема да ја заоструваат монетарната политика некое време.

Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на САД во однос на другите шест главни светски валути, минатата недела зајакна за 0,6 отсто, на 98,78 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута скокна за 2,4 отсто на 122,05 јени и е околу највисокото ниво во последните шест години.

Американската валута зајакна и во однос на европската валута, па цената на еврото се лизна за 0,6 отсто на 1.09985 долари.

Доларот зајакна во шест од последните седум недели бидејќи се смета за побезбедно засолниште за капиталот во несигурни времиња и затоа што се очекува американската централна банка да се движи уште поагресивно во борбата против инфлацијата.

Цените на нафтата и на суровините повторно пораснаа минатата недела, што значи дека инфлациските притисоци би можеле дополнително да се интензивираат, иако инфлацијата во САД веќе е на највисоко ниво во последните 40 години, близу 8 отсто.

За да се ограничи инфлацијата, Федералните резерви на САД неодамна ги зголемија клучните каматни стапки за 0,25 процентни поени и станува сè појасно, според голем број претставници на централната банка, дека ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки за дополнителни 0,50 процентни поени на следната седница во мај.

„Сите се согласуваат дека периодот на висока инфлација ќе трае подолго од очекуваното, што ќе ја комплицира ситуацијата за централните банки. Веројатно ќе видиме поддршка за доларот поради зголемувањето на каматните стапки на ФЕД, додека Европа ќе заостанува. Јазот во каматите може да ја поддржи американската валута“, вели Едвард Моја, аналитичар во Oanda.

Еврото ослабе

Поради ова, но и војната во Украина, која ќе го забави растот на економијата на еврозоната, еврото ослабе.

„Комбинацијата на долгорочни ризици поврзани со Русија, високите цени на енергијата и разликите во монетарната политика на ФЕД и Европската централна банка (ЕЦБ) продолжува да укажува на послаб наместо посилен девизен курс на еврото во однос на доларот“, велат аналитичарите на банката ING.

Доларот минатата недела зајакна уште позначајно во однос на јапонскиот јен, чиј курс се лизна на ново најниско ниво од декември 2015 година.

Ова се должи на очекувањата дека поради бавниот раст на економијата, Банката на Јапонија ќе одржува исклучително лабава монетарна политика подолго од повеќето други најголеми централни банки во светот.

„Не очекуваме значителна понатамошна депрецијација на јенот во однос на доларот. Сметаме дека цената од 115 јени за долар е соодветна, со оглед на упорноста на јапонската централна банка на исклучително блага монетарна политика“, изјави Роман Зирук, аналитичар во Ebury.

Тагови
реклама

Утре дожд во пролет, ќе има и грмежи и силен ветер

Read more

Неколку совети како побрзо да ги исушите алиштата дома

Read more

Се откриваат скандали во градежништвото: Од издадени 2.810 лиценци, нерегуларни се дури 427

Read more

Кривични за директор и членови на комисии од Охрид и од Струга

Read more

Бизнис

Доларот на најниско ниво во последните пет месеци

Read more

Еврото зајакна во однос на доларот

Read more

Најголемата американска банка ги предупредува клиентите: Никогаш не сме виделе пад како оној на Tesla

Read more

Цената на златото највисока во историјата

Read more
 

Вести

ЗНМ: Неприфатлива е хајката на социјалните мрежи против Митовски

Читај повеќе

За 5 часа поради низа неправилности затворени се 16 угостителски објекти во Тетово и Гостивар

Читај повеќе

Македонија е со најниска просечна плата во Европа

Читај повеќе

Мирни собири за оддавање почит и барање одговорност за трагедијата во Кочани

Читај повеќе

На државава ѝ фалат инспектори, во ДПИ има само 40 за сите градови

Читај повеќе

За трагедијата во Пулс тројца поранешни градоначалници на Кочани и уште 21 лице завршија во 30-дневен притвор

Читај повеќе

Возел низ Скопје со над 100 км/ч и без важечка возачка дозвола

Читај повеќе

Се откриваат скандали во градежништвото: Од издадени 2.810 лиценци, нерегуларни се дури 427

Читај повеќе

Денес врнежи од дожд и умерен ветер

Читај повеќе