Славниот актер Долф Лундгрен се вери со 38 години помладата Норвежанка Ема Крокдал. Среќните вести ги сподели на Instagram, каде објави заедничка фотографија на која неговата 24-годишна свршеница го покажа прстенот.
„Нешто многу посебно се случи овде во Шведска“, напиша 62-годишниот актер на фотографијата.
Меѓу првите му честиташе актерот и колега Силвестер Сталоне.
„Честитам, добар пријателе. Ти си најдобар“, напиша Сталоне.
Веста предизвика различни реакции кај неговите обожаватели. Некои му коментираат дека неговата свршеница многу личи на неговата ќерка Ида.
Други му честитаат и му посакуваат сè најдобро. Претходно славниот актер беше во брак со дизајнерката Анете Квиберг и со неа има две ќерки, Ида (24) и Грета (19).