„Дома си е дома“ доби фотографија од домашна туристичка дестинација

Министерството за економија во текот на денешниот ден ја замени  фотографијата која е употребена на платформата „Дома си е дома“ (www.domasiedoma.gov.mk и www.pushimenevend.gov.mk ) преку која се реализира мерката за ваучери за туризам за граѓани со ниски приходи.

Откако јавноста реагираше дека фотографијата која е искористена како главна позадина на страницата е фотографија од езеро во Германија, поставена е нова фотографија е од домашна туристичка дестинација.

-Фотографијата која е употребена на платформата „Дома си е дома“ е преземена со сите авторски права, а во текот на денов ја заменивме со нова фотографија од домашна туристичка дестинација, соопшти Министерството за економија.

Оттаму посочуваат дека низ целата промоција на мерката, преку оваа Платформа, акцентот бил ставен на промовирање на туристичките потенцијали на Република Северна Македонија.

-Платформата ќе биде доградена со нови податоци за капацитети и места каде нашите граѓани ќе можат да ги користат ваучерите за поттикнување на домашниот туризам, кадешто дополнително сите граѓани кои ќе одлучат да летуваат во нашата земја ќе можат да ги видат убавините на државата, потенцираат од Министерството за економија.

КОИ ГРАЃАНИ ЌЕ ДОБИЈАТ ВАУЧЕРИ ЗА ТУРИЗАМ ОД 6.000 ДЕН?

-Вработени лица со нето плата до 15.000 ден месечно

-Лица кои се во работен однос и кои за периодот јануари-април 2020 година оствариле доход само по основ на плата и надоместоци на плата во нето износ не поголем од 60.000 денари на ниво на полно работно време, според евиденцијата на УЈП.

* Овие граѓани ќе добијат и Домашна платежна картичка од 3.000 ден за купување на домашни производи и услуги

ТУКА можете да проверите дали ви следува ваучер за туризам.

КАКО?

Едноставно и без постапки за аплицирање! Граѓаните ке ги добијат ваучерите преку e-mail.

Министерство за економија ќе им го испрати ваучерот на e-mail адреса на граѓаните.

На e-mail адресата која ја имаат оставено во УЈП граѓаните ќе можат и да го преземат и испечатат ваучерот.

КОГА?

Ваучерите ќе бидат испратени до граѓаните во период од 13 до 15 јуни.

Ќе може да се искористат од 15.07.2020 до 15.12.2020 за сместувања и патувања во земјата

КАДЕ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ ВАУЧЕРОТ ЗА ТУРИЗАМ?

На платформата Domasiedoma.gov.mk до 5 јули ќе бидат објавени сите даватели на туристички услуги кои се пријавиле да бидат дел од програмата.

Граѓаните ќе може лесно да ги видат сите достапни капацитети и да одберат каде сакаат да го искористат својот ваучер.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе