Домашен лек против кашлица кој многу лесно се подготвува

Сезона на кашлање, кивање, течење на носот и болки во грлото, а во овие ситуации чајот од ловоров лист може да биде корисен поради одредени здравствени придобивки за сите оние кои не сакаат да пијат лекови.

Ловоровите листови (Laurus nobilis) содржат различни фитохемикалии и хранливи материи кои можат позитивно да влијаат на здравјето, а пиењето чај од ловоров лист е популарно како алтернативно решение за помали тегоби.

Зошто е добро да се пие чај од ловоров лист?

Традиционално се користи како помош за варење, чајот од ловоров лист може да помогне да се намали надуеноста. Некои истражувања сугерираат дека чајот од ловоров лист може да има антиинфламаторно дејство, но и дека може да помогне во регулирањето на нивото на шеќер во крвта.

Мирисот на ловоровите листови може да има смирувачки ефект и да ви помогне да се опуштите. Ловоровите листови имаат и антимикробни својства кои им помагаат во борбата против бактериите и габите. Секако важно е да се напомене дека чајот од ловор не треба да се консумира во преголеми количини.

Секако, се препорачува да се консултирате со лекар пред консумирање, особено ако имате некакви здравствени проблеми или земате одредени лекови. Инаку, препорачаната дневна доза е околу половина литар, или две шолји.

Во моментов сме особено заинтересирани за чајот од ловоров лист како помошно средство за ублажување на кашлица и болки во грлото бидејќи може да помогне при иритација и болки во грлото, па го баравме идеалниот рецепт.

Како се подготвува?

Потребни ви се 5 суви ловорови листови (може да користите и свежи, само што потешко се наоѓаат во овој период од годината) и половина литар вода. Ловоровите листови искинете ги на ситни парчиња и ставете ги во тенџере, налејте ги со вода. Покријте и варете, а потоа намалете ја топлината.

Оставете го чајот да се вари десет минути. Се трга од шпорет и се остава покриен уште десетина минути. Кога чајот малку ќе се олади, процедете го и додајте свежо исцеден сок од лимон и мед ако сакате - дефинитивно ќе го подобри вкусот.

реклама

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Read more

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Read more

Здравје

Евтина храна што го подобрува здравјето на срцето

Read more

Пет намирници кои се поздрави отколку што мислите

Read more

Четири суплементи кои луѓето со висок притисок треба да ги избегнуваат

Read more

Лекарка предупредува на знаци на инсулинска резистенција кои многумина ги занемаруваат

Read more
 

Магазин

Ручек за носење: Три генијални рецепти за салата во тегла

Читај повеќе

Најдобри протеини за зајакнување на имунитетот и здраво слабеење по 40-тата година

Читај повеќе

Дали имате финансиска траума?

Читај повеќе

Голем неделен финансиски хороскоп од 16 до 22 јуни

Читај повеќе

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Читај повеќе

Како да препознаете вистински домашен мед?

Читај повеќе
  • play_arrow

Евтина храна што го подобрува здравјето на срцето

Читај повеќе

Што му предвидува неделниот хороскоп од 16 до 22 јуни на вашиот знак?

Читај повеќе

Пет намирници кои се поздрави отколку што мислите

Читај повеќе