Подгответе вкусен домашен сок од портокал.
Потребни состојки:
4 портокали
2 лимона
1 килограм шеќер
2 лимонтузи
2 литра вода
Подготовка:
Исчистете ја кората од два портокали и од 1 лимон, а другите два портокали и лимонот оставете ги со кора, само добро ги измијте.
Овошјето добро измешајте го во блендер. Ставете ги во поголем сад и додадете лимонтуз и вода. Оставете ја смесата во садот така да преноќи.
Утредента прецедете го сирупот и додадете шеќер. Сирупот ставете го во шише и чувајте го на ладно, па разредете го со вода или минерална вода и пијте.