Домашна паштета од маслинки само од природни состојки

Оваа паштета од маслинки ќе стане вашиот омилен намаз, особено ако сте љубители на плодовите од ова медитеранско растение.

Маслинките, а особено маслиновото масло, имаат посебно место во готвењето. Маслинките најчесто се служат како прилог или додаток во салата, а сега од нив можете да направите вкусен намаз кој ќе ги воодушеви и најпребирливите. Потребни ви се само неколку состојки и неколку минути за подготовка, а одлично е како предјадење или појадок. Погрижете се кога ги подготвувате да користите маслинки кои не се горчливи. Најдобро од сè, оваа домашна паштета од маслинки е направена од целосно природни состојки, без додадени конзерванси или адитиви.

Потребни состојки:
  • 150 гр црни маслинки
  • 1 лажица сок од лимон
  • 3 чешниња лук
  • 60 мл маслиново масло
Подготовка:

Добро исплакнете ги маслинките добро под ладна вода и исцедете ги. Оставете ги да се исушат на крпа или избришете ги. Извадете ги семките, исечкајте ги на помали парчиња, па ставете ги во блендер или сецко. Додадете сок од лимон, ситно сечкан лук и измешајте сè додека не добиете кашеста смеса. Ставете во стаклен сад или тегла и постепено додавајте маслиново масло со постојано мешање додека не добиете компактна смеса. Треба да се ​​чува поклопено во фрижидер и малку да се промешува пред секоја употреба, бидејќи од стоење маслото може да излезе на површината.

реклама

Две намирници кои ги јадеме речиси секој ден го уништуваат црниот дроб

Read more

Вучиќ: Што им згрешивме на Бугарите, не би знаел да кажам

Read more

Стапи на сила воениот договор меѓу Северна Кореја и Русија: Предвидува помош без одлагање

Read more

Контроверзна реклама: Хајди Клум повторно позираше во долна облека со ќерка ѝ

Read more

Рецепти

Рецепт за најдобриот домашен тартар сос

Read more

Празнично мезе: Пилешки џигери завиткани во сланина

Read more

Оригинален рецепт за руска салата од XIX век

Read more

Сите погрешно ги прават: Готвач открива како правилно се пржат колбаси

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Како да направите детоксикација по празниците?

Читај повеќе

3 хороскопски знаци ги очекува брак во 2025 година

Читај повеќе

Што никогаш не треба да правите на празен стомак?

Читај повеќе
  • play_arrow

Во игротека со мама и тета

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт за најдобриот домашен тартар сос

Читај повеќе

Храна што може да го намали ризикот од рак на дојка

Читај повеќе

5 фрази кои децата најмногу сакаат да ги слушаат од своите родители

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Површината на Монако се зголеми за 3%: Мегапроект од 2 милијарди евра

Читај повеќе

Почестото јадење темно чоколадо може да го намали ризикот од дијабетес

Читај повеќе