Домашни кроасани со крем

Според историјата, првите кроасани настанале во Австрија за време на османлиската опсада на Виена во 1683 година. Пекарите ги забележале Османлииите кои се подготвувале за напад, па јавиле на австриската војска и така го спасиле градот. Во знак на сеќавање направиле кроасан и го обликувале според муслиманскиот симбол- полумесечина.

За доручек ви го препорачуваме следниот рецепт.

Потребни состојки:

15 гр. квасец

150 мл. вода

30 гр. шеќер

5 гр. сол

250 гр. брашно

180 гр. путер

Начин на подготовка:

Замесите тесто од квасецот, водата, шеќерот, солта, брашното и путерот. На набрашнета површина замесете го тестото. Формирајте го во квадрат и замотајте во фолија. Оставете во фрижидер 15 минути.

На хартија за печење ставете 130 гр. путер. Формирајте го во квадрат со величина 15 на 15 центиметри и замотајте во хартија за печење па расукајте. Оставете го 10 минути во фрижидер за да се стегне.

Извадете го тестото. Расукајте го по ширина. Направете калап за сечење кроасани. Расукајте го тестото по должина. Тестото развлечете го до дебелина од 4мм. Со помош на калапот исечете триаголници. Расукајте го тестото и мотајте со најширокиот крај кон најкраткиот.

Премачкајте ги со белка од јајце. Оставете ги 60 минути во затворена рерна на температура од 24 до 28 степени или 2 часа на собна температура. Повторно премачкајте ги со белка од јајце.

Печете ги 15 минути во загрејана рерна на 180 степени. Додека се топли, ставете чоколадни трошки одозгора.

реклама

Се подготвува протокол за отворање на аеродромите и граничните премини

Read more

Владата донесе протоколи за градинките, факултетите, основните и средните училишта

Read more

30 мај 1913, завршила Првата балканска војна со поделба на Македонија

Read more

Филипче: Се координираме со соседите за отворање на границите, најверојатно нема да се бараат тестови

Read more

Рецепти

Чорба на денот: Витаминска бомба од лосос и зеленчук

Read more

Домашен сок од јагоди

Read more

Брз киш со готово лиснато тесто

Read more

Рецепт на денот: Пита со спанаќ

Read more

Магазин

Чорба на денот: Витаминска бомба од лосос и зеленчук

Читај повеќе
  • play_arrow

Неделен план со вежби за слабеење за мајки

Читај повеќе
  • play_arrow

За 30 дена во карантин завршила 20 онлајн курсеви

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон ја откри тајната за „новата младост“: Не е сè во исхраната и вежбањето

Читај повеќе
  • filter

Жители на Амстердам: Градот е почист и потивок без туристите

Читај повеќе

Принц Вилијам: Здравствените работници не треба да ги нарекуваме „херои“

Читај повеќе

Пет работи кои треба да ги знаете доколку сте вљубени во Водолија

Читај повеќе

Келимуту – свето место со три езера кои менуваат боја

Читај повеќе

Домашен сок од јагоди

Читај повеќе