Магазинот People го избра актерот Џон Красински за најсекси маж за 2024 година.
Красински позираше за насловната страница на списанието, а додека обожавателите го паметат како симпатичниот Џим Харпер од серијата The Office и по улогите во франшизата во A Quiet Place - тој беше претставен во малку поинакво светло.
Актерот во едно интервју признал дека кога првпат дознал дека ја освоил титулата, добил „моментно затемнување со нула мисли“, освен дека можеби некој си игра мајтап со него.
„Не дека се будам и помислувам: ‘Дали ова е денот кога ќе бидам прогласен за најсекси маж во светот?’, но тоа беше денот кога вие го направивте тоа“, изјави Џон за People.
Introducing PEOPLE’s 2024 #SexiestManAlive, @JohnKrasinski. 🔥 Pick up your issue on newsstands this week. https://t.co/H792MltVUC
— People (@people) November 13, 2024
📷: Julian Ungano pic.twitter.com/2rLAbwpRBx
Сопругата на Красински, Емили Блант, беше „многу возбудена“ поради титулата, па дури и претходно се пошегува дека ќе ја користи насловната како нејзина позадина на телефонот доколку тој некогаш ја освои титулата.
Тој додаде: „На моите деца ќе им се допадне тоа, нема да биде воопшто чудно“, мислејќи на ќерките Хејзел (10) и Виолет (8).
Тој понатаму се пошегува: „Мислам дека тоа ќе ме натера да работам повеќе домашни работи“.
John Krasinski is named PEOPLE’s 2024 Sexiest Man Alive. pic.twitter.com/HafFKJKPIu
— Buzzing Pop (@BuzzingPop) November 13, 2024
Веста дека тој е најсекси маж во 2024 година беше објавена на „The Late Show with Stephen Colbert“, а Џон дојде во шоуто да ја сподели својата урнебесна програма „лесни чекори како да станете секси“.
За потсетување, магазинот People ја доделува оваа титула од 1985 година, кога ја освои Мел Гибсон, а минатогодишната титула за најсекси маж ја освои актерот Патрик Демпси. Пред него титулата ја носеле Крис Еванс, Пол Руд, Мајкл Б Џордан, Идрис Елба и други.