Џон Малкович ќе гради филмски студија во Скопје во кои ќе се снимаат холивудски филмови

Познатата американска филмска ѕвезда Џон Малкович најави дека во Скопје ќе се снимаат холивудски филмови, веднаш откако ќе се изградат повеќе филмски студија во околината на градот во рамки на проектот „Скопје технолошки парк“.

– Би сакал да ги поздравам моите македонски пријатели и да ви кажам колку сум возбуден што ќе соработувам со своите колеги професионалци Д.В. Мафет и Мет Дилон на создавање филмско, музичко и медиумско студио од холивудски калибар, со сертификат за еколошка градба во Скопје. Прво студио од ваков тип на целиот Балкан, изјави Малкович за МРТ.

Тој најави дека ќе го посети Скопје веднаш откако Владата ќе го одобри проектот „Скопје технолошки парк“.

– Решивме да го наречеме проектот „Стоунбриџ студија“ во чест на богатата култура и неверојатната историја на македонскиот народ, истакна Малкович.

Порача дека како балканец по потекло му придава специјално значење на овој проект.

– Возбудени сме не само затоа што ќе работиме и ќе снимаме холивудски филмови во Скопје, туку ќе помогнеме уште повеќе да се зајакне балканскиот филм, како и музичките и уметничките заедници на секој можен начин. Цврсто верувам дека проектот ќе биде од клучно значење за земјата и регионот, рече Џон Малкович.

Тој деновиве е во посета на Србија, каде што вечерва во Феликс Ромулијана, римско наоѓалиште покрај Зајечар, ќе глуми во претставата „Пеколна комедија – исповед на серискиот убиец“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Филм & ТВ

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Read more

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Read more

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе