Чек дис аут

Доналд Трамп како Роки Балбоа

27. ноември 2019 - 20:22 | Б.С.Б.

Американскиот претседател Доналд Трамп на Instagram и на Twitter објави фотошопирана фотографија на која го додал сопственото лице на телото на Роки Балбоа.

Лидерот на најмоќната земја во светот покрај необичната фотографија на лик кој го толкува Силвестер Сталоне не оставил никаков коментар, а многумина се прашуваат дали можеби станува збор за хакирани профили.

Сепак, фотографијата е одговор на резултатите на медицинскиот преглед на кој е заклучено дека претседателот на САД по медицинските стандарди и официјално е полничок.

Изгледа дека Трамп и на оваа информација има оригинален одговор.

Коментирај