Доналд Туск: Балканот е подраматичен од „Game of Thrones“

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск смета дека историјата на Балканот е подраматична и поинтересна од дејството во популарната ТВ-серија „Game of Thrones“.

Тој предупредува дека на Западен Балкан, каде Брисел се обидува да воспостави тесни врски со земјите кои сакаат да се приклучат на ЕУ, не треба да се дозволи да се случи сценарио од популарната серија.

„Сите би сакале на Балканот сега и во иднина да гледаме помалку драматични сценарија“, рече Туск во говорот на свеченоста за преземање на претседателството со Европскиот совет во Софија.

Туск додаде дека луѓето во целиот регион заслужуваат стабилност, безбедност и напредок и дека целта на ЕУ е тоа сценарио да го претвори во реалност.

Бугарија, Романија, Словенија и Хрватска се единствените земји во регионот кои досега успеаја да пристапат на ЕУ.

Во Софија беа изразени надежи за обновување на преговорите за пристапување на Црна Гора и на Србија во Унијата, како и за помош за Албанија и Македонија за приближување кон почеток на преговори за членство во ЕУ.

реклама

Регион

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more

Пленковиќ и Мицотакис се можни наследници на Фон дер Лајен

Read more

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more
 

Вести

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе