ЛИГ 1 2021/22

Донарума: Во ПСЖ дојдов да играм, не да бидам резерва

Најдобриот голман на изминатово ЕУРО дојде во Париз како големо засилување, но на почетокот од сезоната уште го чека официјалното деби.

Џанлуиџи Донарума летово го засили ПСЖ како слободен играч откако му заврши договорот со Милан. Во меѓувреме, со Италија стана европски шампион, беше прогласен за најдобар играч на ЕУРО 2020, но новата сезона не му почна добро на клупско ниво.

Во ПСЖ наиде на една пречка која има име и презиме: Кејлор Навас. ПСЖ досега одигра 4 натпревари: 1 Суперкуп и 3 во Лиг 1. Донарума не одигра ниту минута.

„ПСЖ ме контактираа и сакаа да дојдам, а и јас го сакав тоа. Конкуренцијата не ме плаши. Кејлор е одличен голман, но јас дојдов тука за да играм. Конкуренцијата е добра и за двајцата, мене лично ќе ме посозрее. Во големите клубови секогаш постои конкуренција, така да нема проблем. Тој е неверојатна личност, пријатели сме... Сакам да станам еден од најдобрите голмани на светот. За такво нешто мора и жртва, работа, скромност - особено да се остане скромен - тоа е основната работа“, вели Донарума во разговор со Canal Supporters.

Викендов против Брест беше на клупата за резерви, додека на останатите три натпревари воопшто не беше земен за да му се даде одмор бидејќи покасно им се приклучи на подготовките поради играњето на ЕУРО.

Пари Сен-Жермен важи за апсолутен фаворит на сите фронта во Франција, но веќе на стартот потфрли при првиот предизвик откако го загуби Суперкупот од Лил. Сепак, од дрим-тимот допрва се очекуваат сјајни партии.

„Имаме огромен квалитет. Мбапе, Меси и Нејмар се играчи од неверојатен калибар. Кога играме против нив на тренинзите, си имаме големи проблеми. Одличен тим сме и сите сме тука за да имаме одлична сезона... Да се има Килјан во тимот е нешто посебно, веќе се поврзавме, како и со остатокот од тимот кој ме прими како семејство“, додава италијанскиот голман.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Официјални состави: Милан - Интер

Read more

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Read more

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Read more

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Read more
 

Спорт

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Читај повеќе
  • play_arrow

Падна светскиот рекорд во маратон

Читај повеќе