НБА 2024/2025

Дончиќ блескаше против Портланд, пиров трипл-дабл на Јокиќ

Словенецот Лука Дончиќ одигра феноменален натпревар во победата на Далас Маверикс против Портланд Трејл Блејзерс од 137:131.

После 5 натпревари пауза поради повреда Лука Дончиќ се врати на паркетот и веднаш блесна. Постигна дабл-дабл од 36 поени со 13 асистенции и 7 скока и беше најзаслужен за победата на Мавс против Блејзерс, а го следеа Куентин Грајмс со 28 поени, 5 скока и 3 асистенции и Спенсер Динвиди со 20 поени и 5 асистенции. Дениел Гафорд додаде 19 поени со 4 скока и асистенции, а ПиЏеј Вошингтон го заврши натпреварот со 14 поени, 6 асистенции и 3 скока. Двоцифрен беше и Џејден Харди со 13 поени и 3 скока.

Кај Блејзерс најдобар беше Анферни Симонс со 27 поени, 5 асистенции и 3 скока, додека Канаѓанецот Шејдон Шарп додаде 22 со 4 скока и 3 асистенции. Израелецот Дени Авдија постигна 21 поен со 4 скока и 2 асистенции, а Бахамецот Деандре Ајтон додаде 18 со 7 скока и 3 асистенции. Белгиецот Тумани Камара мечот го заврши со 17 поени, 7 скока и 4 асистенции, а двоцифрен беше и Џерами Грант со 14 поени, 6 асистенции и 5 скока.

Одличен меч одигра и Никола Јокиќ, но неговиот Денвер беше поразен од Клиперс со 126:122. Србинот имаше трипл-дабл од 28 поени, 14 скока и 11 асистенции, а Канаѓанецот Џамал Мареј додаде 18 поени со 7 асистенции.

Мајкл Портер исто така постигна 18 поени со 7 скока, додека Порториканецот Џилиан Ли Строутер додаде 15 со по 2 скока и асистенции, а Пејтон Вотсон заврши со 13 поени, 5 скока и 2 асистенции. Крисчн Браун мечот го заврши со 11 поени, 7 скока и 2 асистенции, а двоцифрен беше и Арон Гордон со 10 поени и 4 асистенции.

Џејмс Харден ги предводеше Клиперс до победата со 39 поени, 11 асистенции и 9 скока, додека Норман Пауел додаде 28, а Теренс Ман мечот го заврши со 15 поени и 3 скока. Двоцифрен беше и Амир Кофи со 13 поени и 5 скока.

И конечно, во вечерното дерби Кливленд го победи Бостон со 115:111 и стигна до 18-тата победа сезонава и им го нанесе четвртиот пораз сезонава на Селтикс.

До победата ги предводеше Донован Мичел со 35 поени, 7 скока и 3 асистенции, а го следеше Дариус Гарланд со 22 поена, 8 асистенции и 5 скока, додека Карис ЛеВерт постигна 13 поени и 6 скока. Жорж Нианг додаде исто толку поени, но со 2 скока.

Во редовите на поразениот тим најдобар беше Џејсон Тејтум со 33 поени, 8 скока и 4 асистенции, додека Пејтон Причард додаде 24 со 7 скока и 3 асистенции. Литванецот Кристапс Порзињѓис постигна 21 поен со 8 скока и 2 асистенции, а двоцифрен беше и Сем Хаузер со 13 поени, 5 скока и 2 асистенции.

Резултати:

Бруклин Нетс - Орландо Меџик 92:100
Мемфис Гризлис - Индијана Пејсерс 136:121
Кливленд Кавалирс - Бостон Селтикс 115:111
Њујорк Никс - Њу Орлеанс Пеликанс 118:85
Торонто Репторс - Мајами Хит 119:116
Хјустон Рокитс - Оклахома Сити Тандер 119:116
Јута Џез - Лос Анџелес Лејкерс 104:105
Портланд Треил Блејзерс - Далас Мааверикс  131:137
Сакраменто Кингс - Сан Антонио Спарс 125:127
Лос Анџелес Клиперс - Денвер Нагетс 126:122

Табели:

реклама

Метод на складирање што ги одржува морковите свежи до еден месец

Read more

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Кошарка

Њујорк Никс демонстрираше сила и го елиминира бранителот Бостон

Read more

Еден е Јокиќ!

Read more

Минесота ќе игра финале во Западот, Бостон намали против Њујорк

Read more

Кливленд шокатно испадна, пирови 44 поени на Јокиќ

Read more
 

Спорт

Кин: Хојлунд игра како дете што излегло од академија, а за него платија 85 милиони евра

Читај повеќе

ФА куп финале: Сити по спас на сезоната, Кристал Палас по историја

Читај повеќе

Навивачите влегле на тренингот на Сампдорија, побарале играчите да ги соблечат дресовите

Читај повеќе

УЕФА жестоко ја казни Хрватска

Читај повеќе
  • play_arrow

Њујорк Никс демонстрираше сила и го елиминира бранителот Бостон

Читај повеќе
  • play_arrow

Буфон: Јас бев ВАР во финалето на Светското во 2006 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Еден е Јокиќ!

Читај повеќе
  • play_arrow

Флик ги бркаше играчите на Барса од терен оти ја славеа титулата кај ривалите

Читај повеќе

Македонија ги дозна ривалите на ЕП

Читај повеќе