ЛЕТНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ТОКИО 2020

Дончиќ брилијантен на олимпиското деби, Словенија ја прегази Аргентина

Словенија имаше почеток од соништата откако предводена од чудесниот Дончиќ ја среди Аргентина со 18 поени разлика.

На паркетот во „Саитама Супер“ арената во Токио убедливо најдобар беше Лука Дончиќ кој го наполни аргентинскиот кош постигнувајќи 48 поени, а зашиша и 11 скока.

Аргентина помириса водство само во првите неколку напади кога поведе со 5:3, а потоа Словенците ја презедоа контролата и првата четвртина ја завршија со водство од 32:24. Во втората четвртина само го зголемуваа водството, дојдоа и до +22, за на полувреме да заминат со 62:42. Најголемата разлика Словенците ја направија во третата четвртина кога за момент на семафорот стоеше 82:52 (+30 разлика), за до крајот Аегентинците да се изборат за подостоинствен пораз од 18 поени разлика и конечни 118:100.

URL

Покрај Дончиќ солидна претстава на јапонскиот паркет прикажа и Клемен Препелич кој беше втор најефикасен со 22 поена. Дабл-дабл освен Дончиќ оствари и натурализираниот Словенец Мајк Тоби со 11 поени и 14 скокови. Во поразениот табор најефикасен беше 41-годишниот Луис Скола кој уфрли 21 поен.

URL

Ова беше прв натпревар во оваа Ц група, а вториот се игра од 14 часот кога домаќинот Јапонија ќе се сретне со Шпанија.

Синоќа на првиот ден од кошаркарскиот турнир Франција го приреди најголемото изненадување откако со 83:76 го совлада Дрим Тимот на САД.

реклама

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе