Дончиќ го одведе Далас во вториот круг по 11 години, Пол испиша историја

Синоќа се одиграа три натпревари во НБА плеј-офот во кои победи забележаа Далас, Феникс и Филаделфија и поминаа во вториот круг.

Далас славеше на гостувањето кај Јута со резултат 98:96 и продолжи со 4-2 во серијата.

Најзаслужен за триумфот на Маверикс беше одличниот Лука Дончиќ, кој мечот го заврши со 24 поени, 9 скока и 8 асистенции, додека пак, Донован Мичел постигна 23 поени со 8 скока и 9 асистенции.

Remote video URL

Бојан Богдановиќ постигна 19 поени, но го промаши победничкиот удар на две секунди до крајот на натпреварот.

Ова беше прв пласман на Далас во вториот круг од плеј-офот по цели 11 години.

Феникс победи со 4-2 над Њу Орлеанс на гости со резултат 115:109 благодарение на маестралниот Крис Пол.

Пол одигра перфектно, а во веројатно најдобриот натпревар во кариерата постигна 33 поени со 8 асистенции. Плејмејкерот на Санс испиша историја шутирајќи 14 пати од игра и погодувајќи ги сите 14 пати, што никој никогаш не успеа да го направи во меч од плеј-офот.

Remote video URL

Пласманот во второто коло со 4-2 во серијата го обезбеди победата на Филаделфија во Торонто со убедлив резултат 132:97 благодарение на одличниот Џоел Ембиид кој мечот го заврши со 33 поени и 10 скока и Џејмс Харден кој постигна 22. поени и постигна дури 15 асистенција.

Во второто коло на запад ќе се сретнат Феникс и Далас, додека Филаделфија ќе игра против Мајами.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе