Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс беа поразени од Јута Џез со 131:119.

Лука Дончиќ, кој за 23 минути постигна 16 поени, 4 скока и 4 асистенции, со тоа го забележа првиот пораз во дресот на Лејкерс.
Леброн Џејмс постигна 18 поени, 6 скока и 7 асистенции, додека неговиот син Брони за 8 минути постигна 9 поени. Јута до победата ја предводеше брилијантниот Финец Лаури Марканен со 32 поена.
Никола Јокиќ забележа уште еден трипл-дабл во победата на Денвер Нагетс, но тој не беше првото име на семафорот на неговиот тим во триумфот над Портланд Треил Блејзерс од 132:121.
Јокиќ натпреварот го заврши со 26 поени, 15 скока и 10 асистенции, но целата слава му припадна на Џамал Мареј, кој постигна рекордни во кариерата 55 поени.
Резултати:
Орландо Меџик - Шарлот Хорнетс 102:86
Вашингтон Визардс - Индијана Пејсерс 130:134
Бостон Селтикс - Сан Антонио Спарс 116:103
Њујорк Никс - Атланта Хокс 149:148
Бруклин Нетс - Филаделфија 76ерс 100:96
Торонто Репторс - Кливленд Кавалирс 108:131
Чикаго Булс - Детроит Пистонс 110:128
Оклахома Сити Тандер - Мајами Хит 115:101
Минесота Тимбервулвс - Милвоки Бакс 101:103
Њу Орлеанс Пеликанс - Сакраменто Кингс 111:119
Хјустон Рокитс - Феникс Санс 119:111
Јута Џез - Лос Анџелес Лејкерс 131:119
Денвер Нагетс - Портланд Треил Блејзерс 132:121
Далас Маверикс - Голден Стејт Вориорс 111:107
Лос Анџелес Клиперс - Мемфис Гризлис 128:114
Табела: