Лос Анџелес Лејкерс со одличните игри на Лука Дончиќ и Леброн Џејмс го совлада Њу Орлеанс Пеликанс со 136:115.

Дончиќ беше тој што му асистираше на Леброн во четвртата минута од мечот за да испише историја.
Лука го проигра Џејмс, кој погоди тројка и на тој начин ја мина границата од 50.000 поени во НБА откога заедно се гледа лигашкиот дел од сезоната и плејофот. На Леброн тоа му успеа на 40-годишна возраст во 22-рата сезона во НБА.
LEBRON JAMES STARTS THE 50,000 POINTS CLUB 🚨👑
— NBA (@NBA) March 5, 2025
Counting regular season & playoffs...
Another spectacular feat for @KingJames! 👏 pic.twitter.com/7IP9MeQ0lz
Леброн го заврши натпреварот со 34 поени, а сега има 41.871 поен во регуларниот дел од сезоната во НБА и 8.162 во плеј-офот.
Леброн покрај 34 поени имаше и 8 скокови и 6 асистенции, а одличен беше и Дончиќ со дабл-дабл од 30 поени, 8 скокови и 15 асистенции.
Кај Лејкерс се истакна уште и Џексон Хејс со дабл-дабл од 19 поени и 10 скокови, додека најефикасен на мечот беше Зајон Вилиамсон од Пеликанс со 37 поени, 4 скокови и 6 асистенции.
Резултати:
Индијана Пејсерс - Хјустон Рокитс 115:102
Орландо Меџик - Торонто Репторс 113:114
Атланта Хокс - Милвоки Бакс 121:127
Њујорк Никс - Голден Стејт Вориорс 102:114
Чикаго Булс - Кливленд Кавалирс 117:139
Минесота Тимбервулвс - Филаделфија 76ерс 126:112
Сан Антонио Спарс - Бруклин Нетс 127:113
Феникс Санс - Лос Анџелес Клиперс 119:117
Лос Анџелес Лејкерс - Њу Орлеанс Пеликанс 136:115
Табелa: