НБА 2021/22

Дончиќ му донесе победа на Далас, Богдановиќ растури со тројки

Ноќеска на паркетот во НБА вниманието ги привлекоа кошаркарите од Балканот, што и не е некоја бомбастична вест со оглед на тоа што веќе сите навикнаа на нивните добри игри.

Далас Маверикс славеше на гостувањето во Детроит со 131:113, а Лука Дончиќ одигра на вообичаеното ниво. Одличниот словенечки центар постигна 26 поени и 14 асистенции со 8 скока, а одличен беше и Џејлен Брансон со 24 поени.

Remote video URL

Во редовите на Детроит единствен расположен за игра беше Кејд Канингем кој натпреварот го заврши со 25 поени, 7 скока и 9 асистенции.

Кошаркарите на Атланта Хокс беа подобри од Вашингтон Визардс на домашен терен, а еден од најзаслужните за победата беше Богдан Богдановиќ. Српскиот бек погодуваше тројки како никогаш досега сезонава, и го постави својот сезонски рекорд од 6 погодени удари зад линијата за три поени. Популарниот Боги натпреварот го заврши со 18 поени, а додаде и 2 скока и 4 асистенции.

URL

Тре Јанг уште еднаш блесна во дресот на Атланта со неверојатни 30 поени и 11 асистенции, а одлична вечер имаше и италијанскиот ветеран Данило Галинари кој покрај 26 поени додаде и 26 скока за одличен дабл-дабл учинок.

Кај Вашингтон, Латвиецот Кристапс Порзињѓис постигна 28 поени и додаде дури 18 скока, но тоа едноставно не беше доволно за победа.

Пред почетокот на плеј-офот, Атланта го држи 8. место на Истокот, додека Вашингтон е 12-ти без шанси за влез во плеј-офот.

Резултати:

Детроит Пистонс - Далас Маверикс 113:131
Њујорк Никс - Бруклин Нетс 98:110
Атланта Хокс - Вашингтон Визрадс 118:103
Чикаго Булс - Бостон Селтикс 94:117
Јута Џез - Оклахома Сити Тандер 137:101
Лос Анџелес Клиперс - Феникс Санс 113:109

Табела:

Standings provided by SofaScore LiveScore
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Кошарка

Бакс и Лејкерс одиграа спектакуларно дерби со дури две продолженија

Read more

Балканците доминираа синоќа во НБА

Read more

Најплатената ѕвезда во НБА: Постот за Рамазан ми го спаси животот

Read more

Лејкерс славеа во меч со речиси 300 поени, Голден Стејт испушти место во плеј-ин

Read more
 

Спорт

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе