НБА 2019/20

Дончиќ повреден, се чекаат снимките од магнетна резонанца

Еден од главните кандидати за титулата во НБА оваа сезона, Лос Анџелес Клиперс, повторно го презеде водството во серијата од првото коло од плејофот на Западната конференција во НБА со Далас Маверикс.

Тимот од Калифорнија ја совладаа екипата од Тексас со 130-122 во третиот дуел од серијата и поведоа со 2-1. Одлучувачка беше втората четвртина, во која Клиперс се одвоија во резултатот, освојувајќи го делот со 45:31.

Друга непријатна вест за Мавси по судирот што заврши утрово е дека словенечката суперѕвезда на тимот, Лука Дончиќ, се повреди. 21-годишниот бек има повреден зглоб и ги чека резултатите од магнетната резонанца.

URL
URL
URL

Многу е веројатно дека Дончиќ ќе го пропушти следниот натпревар од серијата. Словенецот претрпе повреда во третата четвртина, а потоа се врати кратко на паркетот во четвртата, но не успеа да го заврши натпреварот.

Сепак, Дончиќ за 29 минути забележа уште еден „трипл-дабл“: 13 поени, 10 скока и 10 асистенции. На 21 година и 175 дена, тој стана третиот најмлад играч во историјата на НБА кој забележа „трипл-дабл“ во меч од плеј-офот. Единствените двајца кои имаат такво достигнување на помала возраст се Меџик Џонсон и Леброн Џејмс.

URL

Другата голема sвезда на Далас – латвискиот центар Кристап Порзингис оствари силен натпревар со 34 поени и 13 скока, но неговите напори беа недоволни за екипата на Рик Карлајл. Бековите Тим Хардвеј и Сет Кари (од клупата) постигнаа по 22 поени за Далас.

Ѕвездата на Клиперс, Каваи Ленард забележа 36 поени, 9 скокови, 8 асистенции, 2 украдени топки и 1 блок. Сите играчи од стартната петорка на екипата предводени од Док Риверс забележаа двоцифрен број на поени, откако другата голема sвезда на тимот Пол Џорџ постигна само 11.

Четвртиот натпревар од серијата е на 23 август. Како што е познато, сите НБА натпревари по рестартирањето на сезоната се играат во Орландо.

Резултати од НБА:

Бруклин – Торонто 92:117

* Торонто води во серијата со 3-0 во победи

Јута – Денвер 124:87

* Јута води во серијата со 2: 1 во победи

Филаделфија – Бостон 94: 102

* Бостон води во серијата со 3-0 во победи

Далас – Л.А. Клиперс – 122: 130

* Клиперс води во серијата со 2: 1 во победи

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе