Фудбал

Дончиќ: Во НБА полесно се даваат кошеви

9. февруари 2019 - 12:34 | МИА

Далас, 8 февруари 2019 (МИА) – Лука Дончиќ даде опширно интервју за шпанската телевизија Movistar+ во кое зборува за адаптацијата во НБА, за разликите меѓу играта во Европа и оваа во САД, како и за доста други теми, вклучително тоа дека не се најде во натпреварот на ѕвездите.

„Во НБА е полесно да даваш кошеви, отколку во Европа, се разбира. Во Европа теренот е помал, и тука е правилото за три секунди. Мислам дека е полесно да реализираш тука“, рече 19-годишниот Словенец.

Покрај другите теми, тој изрази и разочарување дека нема да учествува во Ол Стар натпреварот. Да потсетиме дека Дончиќ беше втор во гласањето на публиката, но поради начинот на собирање гласови, не се пласира во финалниот избор за некој од двата тима.

„Сакав да играм на Ол Стар натпреварот, па нормално е да сум разочаран. Важно е дека луѓето гласаа за мене. Бев исклучително импресиониран од ова. Ова е најважно за мене. Можеби следната година ќе бидам таму“, додаде Дончиќ.

Дончиќ додаде дека неговиот сон е да го освои НБА шампионатот.

Коментирај