Донесен Законот за јавно обвинителство

Во тензична атмосфера, со 80 гласа „за“ и 6 гласа „против“, Собранието денеска го донесе Законот за јавно обвинителство.

На почетокот на седницата кога законот првично беше ставен на гласање, 74 пратеници беа „за“, а 32 пратеници „против“,  но претседателот на Собранието Талат Џафери го поништи гласањето зашто претходно Лилјана Поповска процедурално побарала збор, како и затоа што дел од пратениците се пожалиле дека гласањето не им било евидентирано.

По ова повторно законот беше ставен на гласање и помина со 80 гласа „за“ и шест „против“ на што реагираше коодинаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски барајќи од Џафери да го поништи второто гласање.

– Срамота е ова што го правите. Криминалци. Ви побарав процедурално додека се обраќаше колегата Мухиќ и вие тоа го занемаривте. Немате право да повикате на поединечно гласање. Барам да кажете дека гласањето е неуспешно. Сè понатаму што правите е кршење на Уставот, му рече Мицевски на спикерот Џафери и побара еден час пауза.

По ова е дадена пауза од еден час во Собранието.

Расправата за законот заврши во петокот, а гласањето беше оставено за денеска на последниот ден кога треба да се распушти Собранието поради парламентарни избори што треба да се одржат на 12 април.

Законот беше камен на сопнување меѓу власта и опозицијата. Работни групи од двете партии во изминатиот период одржуваа повеќе состаноци, но немаше заеднички решенија, по што беше организирана и јавна расправа во Собранието на која учествуваа и правни експерти. Потоа повторно се одржуваа работни состаноци во проширен состав со повеќе парламентарни партии кои дадоа свои забелешки по што законот беше ставен на собраниска седница.

Пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ, на која ова е и последен пратенички мандат, во процедурална забелешка им порача на идните пратеници секогаш кога ќе носат одлуки да мислат на државата и на македонските граѓани.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Read more
 

Вести

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе