Џони Деп доби Орден на честа од Вучиќ

На холивудскиот актер му беше доделен медалот поради промоција на Србија во филмскиот свет.

Српскиот претседател Александар Вучиќ му додели Орден на честа на Џони Деп за време на синоќешната прослава на Денот на државноста во Белград. Деп го заслужил медалот поради „големи заслуги во јавните и културни активности, особено во филмската уметност каде ја промовирал Србија пред светот“, како што пренесува Balkan Insight.

„Искрено, искрено ви благодарам претседателе Вучиќ, а овој медал за заслуги, ако ми се даде чест да заминам со него, ви благодарам што сте доволно љубезни да ми го подарите. Во моментов буквално сум на почетокот на нов живот и ми се допаѓа, ми се допаѓа повторното започнување. И би сакал тој почеток да започне овде“, рече Деп го примањето на медалот.

URL

Тој изминативе години учествуваше во неколку проекти поврзани со Србија, снимаше сцени од филмот „Minimata“ во Белград, а го позајми гласот за главниот лик во анимираната серија „Puffins“ чија продукција беше токму во Србија.

Тој спомна и за неговата соработка со режисерот Емир Костурица: „Имам една мала приказна што сакам да ја споделам со вас. Имав можност, всушност бев благословен одамна, пред многу години да запознам еден многу чуден човек, необичен. Штом го видов, знаев дека не припаѓа во Холивуд. Неговото име е Емир Кустурица. И Кустурица стана мој брат, неговото семејство стана мое семејство, ги гледав неговите деца како растат. Ова е една врска која ја имаме од првиот ден и кажува многу за една личност, особено како Емир Кустурица. Тој те сака, а кога те сака навистина те сака, а кога не те сака, навистина не те сака. И навистина ми се допаѓа тоа кај него. Тој навистина го кажува она во што мисли и верува во моментот“.

Потоа коментираше и за српските специјалитети како ќебапите и сливовата ракија, позната во Србија како шљивовица.

„Ја имам оваа страст што ја гаам за сѐ што имам овде... И ќебапи, се разбира, и шљивовица... Некој ми спомна, но никогаш немав шанса да пробам шљивовица... Па, можеби еднаш, во ред. И не добив ништо друго, само подароци и подароци, а моето искуство со луѓето овде што ми дадоа толку многу е сосема нов живот, како оној што ми го даде Емир“.

реклама

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Мачка: Како и да ја викате, не доаѓа

Read more

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Read more

Филм & ТВ

Господар на ѕвездите: Што ако ги споиме Lord of the Rings и Star Wars?

Read more

Топ 10 актери кои глумеа исто во сите улоги

Read more

Харви Вајнстин низ солзи зборуваше за обвинувањата на Гвинет Палтроу

Read more

Која е најголемата желба на порно ѕвездата Анџела Вајт?

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Господар на ѕвездите: Што ако ги споиме Lord of the Rings и Star Wars?

Читај повеќе
  • play_arrow

Која е најчесто користената песна во филмови?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 актери кои глумеа исто во сите улоги

Читај повеќе

Харви Вајнстин низ солзи зборуваше за обвинувањата на Гвинет Палтроу

Читај повеќе

Која е најголемата желба на порно ѕвездата Анџела Вајт?

Читај повеќе
  • play_arrow

Фотограф „му го пукна филмот“ на Дензел Вашингтон во Кан

Читај повеќе

Џесика Бил не им дозволува на синовите да ги гледаат нејзините филмови: Не им треба тоа, премлади се

Читај повеќе

Дали Netflix треба да ви врати 200 евра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе