Минатата година Џони Деп ги загрижи фановите со својот изглед, а најголемо внимание привлекоа неговите заби кои изгледаа како да се целосно расипани.
Актерот сега беше снимен на одмор на Бахамите и изгледа целосно опуштено и расположено.
Се ракуваше со обожавателите во кафуле, па дури и застана зад шанкот и му помогна на шанкерот да му ја подготви пијачката.
Деп на видеото се смееше неколку пати, а фановите во коментарите забележаа дека 61-годишниот актер си ги поправил забите.
„Мислам дека неговите заби изгледаат подобро од било кога“, „Забите конечно се прави и бели“, „Дефинитивно ги средил забите. Изгледа подобро од кога било“, се дел од коментарите.
Потсетуваме, славниот актер отсекогаш имал проблеми со оралната хигиена, а тоа го потврдува и неговата изјава од 1995 година за магазинот Premiere.
„Имам еден куп кариес. Правев коренски канал пред 8 години и не е довршен. Тоа е како мало расипано парче. Горд сум на своите заби", рекол тогаш Деп.
Исто така објасни дека не сака луѓе со чисти бели заби. Наведе дека и покрај лошите заби, не сакал да престане да пие црвено вино и да пуши цигари.