Џони Деп пред судот: Никогаш во животот не сум удрил жена

Холивудскиот актер Џони Деп вчера сведочеше пред судот во Вирџинија во случајот за клевета против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, која го обвини за семејно насилство.

Во своето тричасовно сведочење, кое ќе продолжи денеска, ѕвездата зборуваше за обвинувањата од Херд и својата историја на злоупотреба на дрога.

„Мојата цел е вистината“, рече Деп на почетокот на своето сведочење.

Тој ја тужи поранешната сопруга Херд за 50 милиони долари поради текстот објавен во The Washington Post од 2018 година во кој таа пишуваше за нејзиното искуство со семејно насилство. Деп не се споменува по име во овој текст, но претходните настани укажаа за кого станува збор.

Деп тврди дека текстот на Херд довел до финансиски загуби за него, вклучително и исклучување од идните филмови „Пиратите од Карибите“ откако тој ја водеше франшизата 15 години.

„Еден ден си Пепелашка, така да се каже, а потоа за секунда си Квазимодо“, рече Деп за тоа како неговата кариера се сврте наопаку откако беше обвинет за злоупотреба.

„Јас не го заслужив тоа, ниту моите деца, ниту луѓето кои веруваа во мене сите овие години“, рече Деп.

Во своето сведочење Деп призна дека тој и Херд се карале за време на врската, но рече: „Никогаш не сум дошол до точка да ја удрам госпоѓа Херд на кој било начин, ниту пак сум удрил некоја жена во животот“.

Тој исто така го опиша турбулентниот однос на неговите родители и вербалното и физичкото малтретирање што тој и неговите браќа и сестри го доживеале од нивната мајка. Тој изјави дека неговото прво искуство со земање контролирани супстанции се случило кога имал приближно 11 години и дека ги земал таблетите на мајка му на рецепт „за да избега од хаотичната природа на нивниот живот“.

Судењето започна минатата недела, а ова е прва можност за Деп да проговори за случајот во целост и јавно.

Remote video URL
реклама

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Read more

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Read more

Се гради највисоката кула во светот, ќе биде висока 1.000 метри

Read more

Филм & ТВ

Фановите на Rotten Tomatoes ги избраа најдобрите филмови во последните 25 години

Read more

Времеплов: Пред 29 години се емитуваше првата епизода од култните Friends

Read more

Како изгледаше Бетмен низ годините?

Read more

Излезе трејлерот за претстојниот документарец за Бекам

Read more
 

Сцена

Фановите на Rotten Tomatoes ги избраа најдобрите филмови во последните 25 години

Читај повеќе

Која е жената што Шакира ја спомнува во новата песна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Времеплов: Пред 29 години се емитуваше првата епизода од култните Friends

Читај повеќе
  • play_arrow

Нова песна на Шакира и нова прозивка - овој пат на сметка на свекорот: Сѐ уште не стапнал в гроб

Читај повеќе

Како изгледаше Бетмен низ годините?

Читај повеќе
  • play_arrow

Излезе трејлерот за претстојниот документарец за Бекам

Читај повеќе
  • play_arrow

Искрен трејлер за Barbie

Читај повеќе
  • play_arrow

Гледачите на Netflix се навлечени на новата крими серија

Читај повеќе
  • play_arrow

Николас Кејџ е речиси непрепознатлив во трејлерот за новиот вестерн

Читај повеќе