Џони Деп во Белград: Тука секој ја вложува душата во она што го работи

Џони Деп денеска беше пречекан во Белград, каде одржа прес-конференција по пристигнувањето од Италија.

Фото: TANJUG/ Јадранка Илиќ

Холивудскиот актер се појави пред новинарите со колегата Милош Биковиќ и премиерката на Србија Ана Брнабиќ.

Причината за посетата на Деп во српската престолнина е промоцијата на анимираната серија на Деп произведена во Србија „Пафини“, во продукција на „Архангел студио“ на Биковиќ, креирана во „Џерволино студио“ (IES ). На овој проект се работеше само една година, но за тоа кратко време беа снимени дури 54 епизоди од серијата, на кои работеа повеќе од сто уметници од Србија.

„Овој тип на соработка има неколку придобивки за Србија. Прво, ова е развој на нова гранка на индустрија што не постоеше кај нас на таков организиран и систематизиран начин. Потоа, вакво производство собира млади таленти во Србија, уметници кои немале можност да работат на овој начин, со оваа технологија и да создаваат содржини што ќе се дистрибуираат на најголемите светски платформи и со тоа ќе ја промовираат Србија во светот. Имаме креативна индустрија, имаме уметност и имаме дигитализација, сѐ е во едно и тоа е се што ни треба не само за да бидеме во чекор со светот, туку и за да создадеме нови тенденции и иницијативи“, рече Биковиќ, пренесува B92.

Фото: TANJUG/ Јадранка Илиќ

„Имав среќа да се сретнам со српскиот режисер Емир Кустурица кој ме научи многу за српската култура и ме поврза со неа. Тој стана мој голем пријател, тој и неговото семејство дури и се грижеа за мене кога ќе се разболев. Луѓето тука се толку топли, срдечни, луѓето ми се најомиленото нешто што го видов во Србија“, призна холивудскиот актер.

Тој посочи дека за него работата во Србија по Холивуд е вистинско освежување и дека неговата работа тука е поорганизирана и далеку попријатна.

„Тука сѐ така фино се работи, секој знае што е неговиот дел од работата и ги почитува работните обврски. Секој ја вложува душата во она што го работи, се посветува внимание на деталите. Мислам дека Србија е совршена спротивност од Холивуд. Затоа сигурен сум дека многу повеќе уметници и одлични режисери ќе дојдат да работат тука “, рече Деп.

„Ја обожавам вашата култура, ги обожавам луѓето што ги среќавам овде. Не наоѓам ништо друго освен вистина, искреност и убавина меѓу вас, вие сте добродушни и јас сум фасциниран од тоа“, рече актерот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Филм & ТВ

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Read more

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Read more

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе