Џони Херберт: Синот на Шумахер тешко ја поднесува состојбата на татко му

Ф1
А.С.
/ 10.05.2023 / 18:29

За состојбата на легендарниот Михаел Шумахер проговори и неговиот поранешен колега од Бенетон, Џони Херберт (58).

Поранешниот британски Формула 1 возач е одличен семеен пријател на семејството Шумахер и добро ја познава здравствената состојба на големиот Михаел, која и понатаму е тешка, но полека се подобрува.

„Мик одлично се снаоѓа во оваа ужасна ситуација. Тој минува низ пекол, а здравјето на неговиот татко во моментов исто така го растажува. Што се однесува до презимето, сигуно не му е лесно по сè што постигна татко му. Михаел беше со него кога освојуваше титули. Но, сега го нема кога Мик е во болидот“, објасни тој.

Помладиот Шумахер го напушти ХААС по две години, а серијата несреќи беше пресудна за Гинтер Штајнер да му се заблагодари за соработката.

„Многу луѓе му помагаа на Мик низ годините, но во оваа ситуација тој би сакал татко му да биде тука за него. Очекувањата беа големи, тој беше под голем притисок и дали тоа го извлече најдоброто од него? Дали направи доволно во споредба со Магнусен? Веројатно не. Тој не создаде можност да продолжи да биде во болидот“, објасни поранешниот колега на Михаел.

Џони Херберт делеше гаража со легендарниот Шуми под Бенетон во 1994 и 1995 година.

Тагови
реклама

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Ало Скопје, критично е!

Read more

Рускиот нафтен гигант на Путин го презема најголемото наоѓалиште на ретки минерали

Read more

Почна сезоната на Близнаци: 4 хороскопски знаци ќе бидат најмногу погодени

Read more

Ф1

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Read more

Ферари подготви промена за Монако: Наместо црвена - бела боја

Read more

Луда Ф1 трка во Мајами, во Lego болиди

Read more

Верстапен прв ќе стартува во Мајами

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Капело на поткаст си ја отвори душата: За Савичевиќ, Бекам, Малдини, Ибра, Роналдо, Гулит, Баџо, Тоти...

Читај повеќе

Четири држави домаќини на Евробаскет 2029

Читај повеќе

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Читај повеќе

Барселона добила неверојатна понуда за Јамал

Читај повеќе

Ван Нистелрој го напушта Лестер

Читај повеќе

Гарначо бесен по финалето: Играв само 20 минути...

Читај повеќе

Голем гаф на УЕФА: Чеферин остана без медали, тројца играчи на Тотенхем извисија

Читај повеќе
  • play_arrow

Гилџс-Александер е НБА МВП, го стигна Џордан

Читај повеќе

Како Тотенхем ѝ донесе рекорд на Англија во ЛШ?

Читај повеќе