Дополнета владината Уредба за јавен превоз на патници

Владата на денешната седница усвои ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба со која е предвидено во јавниот превоз бројот на патниците во возилата да изнесува најмногу до 50 проценти од капацитетот на возилата за кои е задолжително да бидат опремени со маски, ракавици и возилата да се дезинфицираат.

– Со оваа измена задолжителните мерки ќе се однесуваат и на правните субјекти кои вршат превоз на патници за сопствени потреби, се додава во соопштението од 60-тата владина седница.

На оваа седница Владата усвои и Протокол за спроведување на проверка на способностите за спортските вештини на учениците кои имаат интерес за запишување на Државното средно училиште „Спортска академија“, со кој се опфатени препораките за подготовка и уредување на спортските терени каде што ќе се спроведува проверката на вештините, начинот на пријавување, како и текот и организацијата на селективниот тренинг.

Владата денеска ја донесе и Уредбата со законска сила за примена на Законот за одбрана за време на вонредна состојба со која се уредува надлежност за донесување на одлуки за упатување на активниот воен и цивилен персонал, припадниците на резервните сили на Армијата и вработените во Министерството за одбрана, за учество на вежби, обука, во хуманитарни операции, меѓународни операции, во НАТО мисии и операции и операции, во примената на правото на индивидуална или колективната самоодбрана, како и во операции за кризен менаџмент и кооперативна безбедност, надвор од територијата на Републиката.

Оваа уредба се донесува и заради тоа што според Законот за одбрана одлуки за учество во меѓународни воени операции надвор од територијата на државата донесува Собранието на Република Северна Македонија, а бидејќи тоа е распуштено, единствениот начин во овие услови за донесување на одлуки за упатување на воен и цивилен персонал во меѓународни операции, Министерството за одбрана непречено може да ги извршува само со донесување Уредба со законска сила за примена на Законот за одбрана за време на вонредна состојба.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе