Убиениот Џорџ Флојд бил позитивен на COVID-19, покажала државната обдукција, пишува СNN.
Според извештајот од обдукцијата, Флојд бил заразен со COVID-19, но тоа не е причина за неговата смрт.
Главниот медицински инспектор Ендру Бејкер изјави дека е направен ПЦР тест за време на обдукцијата и дека тој може да покаже позитивен резултат „недели по заразувањето“, пренесува CNN.
Тој додаде дека Флојд најверојатно имал асимптоматска клиничка слика и вирусот не е причина за неговата смрт.