Џорџ Клуни: Додека не ја запознав Амал, не сакав да се женам, а камоли да имам деца

Американскиот актер Џорџ Клуни неодамна гостуваше во подкаст на Марк Марон наречен „WTF with Marc Maron“, каде се потсети на моментите кога тој и сопругата Амал се запознаа и основаа семејство.

„Да разјасниме некои работи, јас не сакав да се женам, а камоли да имам деца. Но, тогаш во мојот живот влезе една неверојатна личност и веднаш, во првиот момент сфатив дека мојот живот ќе се промени“, вели тој.

За основањето семејство со Амал Клуни тој објасни:

„Не ни помислував дека ќе имам близнаци, тоа е момент за паметење. Бевме на доктор и кога ја стави сликата од ултразвукот, рече прекрасно, овде има едно момче и јас се одушевив дека ќе добијам син. А, потоа рече тука има и девојче. Тогаш си реков леле, сестрата на Амал има близнаци и бев шокиран. Едвај бев спремен за едно дете, но денес не жалам. Благодарен сум на бога што се имаме еден со друг во текот на оваа пандемија“, вели тој.

Актерот се присети и за моментот кога тој и Амел почнале да размислуваат за создавање семејство.

„Бевме една година во брак и се сеќавам дека една вечер бевме кај едни пријатели кои имаа деца, многу гласни деца. Амал и јас отидовме на прошетка и почнавме да разговараме. И двајцата си признавме еден на друг дека сме среќни и се сакаме. А, тогаш таа додаде дека среќата и љубовта треба да ги поделиме со уште некој“, откри Клуни кој вели дека тогаш и решиле да се обидат за дете.

„Морам да признаам дека целата ситуација беше емотивна, бидејќи бев уверен дека никогаш нема да имам деца и веќе бев помирен со таа одлука“, откри тој.

Холивудскиот заводник денеска отворено говори за своите деца и нивниот карактер.

„Веќе имаат свој став, многу се забавни и постојано се шегуваат“, вели 60-годишниот Клуни за четиригодишните близнаци.

Во 2020 година, Клуни во емисија на Џими Кимел откри дека близнаците Александар и Ела течно зборуваат италијански јазик иако тој и сопругата не го зборуваат јазикот.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Живот

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе