На терените НБА лигата ноќеска се одиграа осум натпревари во кои блескава партија одиграа балканските ѕвезди Никола Јокиќ и Лука Дончиќ.

Словенецот продолжи да ги тероризира противничките одбрани. Незапирливиот Дончиќ со неверојатни 44 поени се погрижи неговиот тим да слави победа од 104:95 протиов Орландо Меџик.
Дончиќ сезонава запиша партии со 32, 35, 37, 41, 31 и 44 поени, што доволно говори во каква форма се наоѓа. Синоќешната партија му беше најефикасна.
Така, Дончиќ стана прв кошаркар по легендарниот Мајкл Џордан кој запишал 30 или повеќе поени во првоите 6 натпревари од сезоната. На Џордан тоа му појде од рака во далечната 1986 година.
Дабл-дабл учинок запиша и одличниот Никола Јокиќ, но неговиот Денвер Нагетс доживеа пораз на гостувањето кај Лос Анџелес Лејкерс од 121:110. Јокиќ имаше 23 поени, 14 скокови и 6 асистенции, но тоа не беше доволно.
Изненадување направи Сан Антонио Спарс кој ја победи Минесота Тумбервулвс со 108:98, додека Голден Стејт Вориос доживеа шок кај Детроит Пистонс губејќи со 128:1а4.
Бостон Селтикс на крилјата на триото Браун, Брогдон и Тејтум лесно славеше против Вашингтон Визардс со 112:94.
Резултати:
Лос Анџелес Клиперс - Њу Орлеанс 91:112
Бостон Селтикс - Вашингтон Визардс 112:94
Кливленд Кавалирс - Њујорк Никс 121:108
Детроит Пистонс - Голден Стејт Вориорс 128:114
Сан Антонио Спарс - Орландо Меџик 114:105
Феникс Санс - Хјустѕон Рокитс 124:109
Лос Анџелес Лејкерс - Денвер Нагетс 121:110
Табела: