Доручек за подобра концентрација

Многуна сметаат дека најдобар доручек е оној со тост, јајца, сланина или пак различни видови на мусли. Но, салатата и тоа како може да биде одлична за почеток на денот.

Постои зеленчук кој е богат со хранливи остојки, антиоксиданси и влакна, па поради тоа е совршен за доручек. Не само што го намалува ризикот од срцеви заболувања, туку и ви помага да ја подобрите концентрацијата во текот на работниот ден.

Нашиот предлог е доручек-салата од кељ, сланина и варени јајца.

Потребни состојки:
1 главица кељ
1/2 црвен кромид
1 чаша шери домати (исечкани на половина)
3 подолги парчиња сланина
3 јајца
3 лажици сок од лимон
4 лажици маслиново масло
1,5 лажица мед
1,5 лажица сенф
100 гр сушена брусница
сол и бибер по вкус

Подготовка:
Сварете ги јајца (точно седум минути), извадете ги од врелата вода и потопете ги веднаш во ладна. Во меѓувреме, испржете ги парчињата сланина во тава и потоа исечкајте ги на ленти.
Исплакнете и исушете го кељот, со нож отстранете ги долните краеви и потоа исечкајте го.
Сланината и исечканиот кељ ставете ги во сад.
Во посебен сад ставете сок од лимон, маслиново масло, мед, сенф и сол, а потоа оваа смеса истурете ја над кељот и сланината.
Излупете ги јајцата, пресечете ги на половина, додадете ги во садот и измешајте сè.

реклама

Рецепти

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more

Трик за брзо и лесно лупење лук

Read more

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе