Досега необјавени фотографии на Анџелина Џоли од времето пред да стане славна
Анџелина Џоли многупати била прогласувана за најубава и најсексапилна жена во историјата. Но, актерката не беше секогаш толку елегантна како што ја знаеме денес - пред скоро 30 години, младата старлета имаше сосема поинаков имиџ.
Ова се досега необјавени фотографии од една од најпознатите, влијателни и најплатени жени во Холивуд, пред да ја добие улогата во филмот „Hackers“ од 1995 година со кој се прослави.
Која верзија на Џоли повеќе ви се допаѓа: бунтовничка или елегантна дама?