По смртта на Шенон Доерти, позната како Бренда од серијата „Beverly Hills, 90210“, се споделува видео од сите актери кои играа во ова популарно шоу, а починале во изминатите години.

Се работи за повеќе од 30 актери, меѓу кои и Лук Пери, кој го играше ликот на Дилан, и Шенон Доерти која ја играше Бренда.
Серијата ја имаше својата премиера во октовмри 1990 година. Бренда, Брендон, Дилан, Кели, Стив, Андреа, Дејвид и Дона беа група тинејџери во „Beverly Hills, 90210“ што растеа во Калифорнија и го пробиваа својот животен пат од училиштните денови, сѐ до зрелоста.