Досега во светот оздравеле 272.115 пациенти со коронавирус

Скопје 6 април 2020 (МИА) – Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.289.820 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 70.625, а оздравеле 272.115 луѓе.

Ова се најновите податоци до 17 часот:

Црна Гора – Институтот за јавно здравје на Црна Гора соопшти дека вкупниот број заразени во земјата изнесува 223 лица, меѓу кои 37 деца. Најголем број заразени, 53, се на возраст преку 60 години. Меѓу заразените има 119 мажи и 104 жени. На болничко лекување се 37 лица, двајца починати и едно лице е излекувано. Под надзор се наоѓаат 6.644 лица.

Велика Британија – Во болниците во Велика Британија бројот на починати од коронавирус е зголемен за 403, на 4.897, соопшти денеска Националната здравствена служба. Како што се наведува, 15 од починатите немале други заболувања.

Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа беше примен во болницата „Сент Томас“ во Лондон, соопшти Даунинг стрит. Џонсон „останува во болница на натамошно набљудување“ , изјави за BBC неговиот портпарол.

Швајцарија – Во Швајцарија вкупниот број заразени од коронавирус, според податоците на Ворлдмитерс (Worldometers) достигна до 21.282. Нови регистрирани случаи се 182. Истиот извор наведува дека во оваа земја уште 19 лица починале од COVID-19, со што вкупниот број изнесува 734 лица. Бројот на пациенти излекувани од овој вирус во Швајцарија е 7.298.

Обединетите Арапски Емирати – Во Абу Даби, полицискиот час поради епидемијата на коронавирус сè уште трае од 20 часот до шест часот. Полицискиот час во Обединетите Арапски Емирати беше воведен на 26 март. Во ОАЕ досега се регистрирани 1.799 случаи на заразени со коронавирус, а десет лица починаа.

Иран – Во Иран бројот на починати како последица на новиот вирус Ковид-19 достигна 3.739 лица, соопшти Министерството за здравство во Техеран. Вкупниот број заразени во таа земја е 60.500 лица.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Свет

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more

Сè за Германија? Мало морген!

Read more

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Read more
 

Вести

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Читај повеќе

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Читај повеќе

Сè за Германија? Мало морген!

Читај повеќе

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Читај повеќе

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Читај повеќе

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Читај повеќе

Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица го објави својот предизборен спот

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Читај повеќе