Досегашните мерки даваат резултат, нема потреба од нови рестрикции

Вкупно 1.248 пациенти со COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава и слободни кревети има. Сите одделенија на клиничките болници располагаат и со болнички места до кои има довод на кислород. Засега не се размислува за нови рестрикции, бидејќи вака димензионираните мерки постепено ја олабавуваат ситуацијата. Според здравствените власти досегашните мерки даваат резултати и дополнителни рестрикции не би имале некаков позначаен ефект.

Во сите земји во Европа, како што рече министерот за здравство Венко Филипче по вчерашната средба со приелепскиот градоначалник Илија Јованоски, ваква комбинација даде резултат. Во таа смисла, рече тој, како за Прилеп, така и за територијата на целата држава, засега не доаѓа предвид да се воведуваат дополнителни мерки.

Ситуацијата во прилепската болница оцени дека одлично се менаџира со пет ковид-оддели. Тој и прилепскиот градоначалник најавија дека од денеска над 30 матични лекари со тимови ќе почнат да волонтираат и да бидат на помош на исцрпениот медицински персонал во прилепското Инфективно одделение.

Што се однесува до епидемиолошката состојба во Прилеп, градот е во третината градови со благ пораст на новозаразените, но на национално ниво еднаков е бројот на заразените последните недели, а се намалува притисокот врз болниците, и во прилепската, за прегледи. Но ситуацијата се следи со внимателност, поради непредвидливоста на вирусот, како и во светот.

До крајот на годинава четири модуларни болници ќе добијат Куманово, Струмица, Гевгелија и Струга каде ситуацијата е приоритетна за зголемување на болничките капацитети за лекување на пациентите од COVID-19. Приоритет ќе се даде на Куманово и Струмица каде капацитетот е најкритичен, а потоа и Гевгелија и Струга.

Што се однесува до брзите тестови, има доволно. Со донациите на располагање се преку 100 илјади брзи тестови.

Во вчерашниот билтен на Министерството за здравство се регистрирани 1.022 нови случаи на заболени од COVID-19, починати се 41 лица, а оздравени се 680 пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 60.723, бројката на оздравени пациенти е 37.505, на починати е 1.699, а бројот на активни случаи изнесува 21.519.

реклама

Хиперсоничен авион ќе патува од Европа до Австралија за само 4 часа

Read more

Познати цените за новите Москвич модели

Read more

Италија го забрани ChatGPT, трката за развој излезе од контрола

Read more

Колку долго човек може да остане буден?

Read more

Македонија

Арсовска ќе го враќа споменикот на Ќосето пред судовите во Скопје

Read more

Жичницата на Водно од денеска работи еден час повеќе

Read more

Мицкоски: Тврдењата дека со влез на Бугарите во Устав се прави дистинкција со Македонците се незнаење или манипулација

Read more

Променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Торнада дивееја низ САД, има загинати

Читај повеќе

Работниот час најевтин во Бугарија, а најскап во Луксембург

Читај повеќе

Петмина повредени, од кои две деца, во сообраќајка во Горно Лисиче

Читај повеќе

Бакнеж прикажан на телевизија во Иран – изби скандал, телевизијата се извини

Читај повеќе

Арсовска ќе го враќа споменикот на Ќосето пред судовите во Скопје

Читај повеќе

Сторми Даниелс: Не се плашам да се соочам со Трамп на суд, сум го видела гол

Читај повеќе

Жичницата на Водно од денеска работи еден час повеќе

Читај повеќе

Мицкоски: Тврдењата дека со влез на Бугарите во Устав се прави дистинкција со Македонците се незнаење или манипулација

Читај повеќе

Променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло

Читај повеќе