Џошуа нокаутиран како никогаш досега, Дубоа го уништи во борбата за светската титула

Британскиот боксер Ентони Џошуа беше тешко нокаутиран на синоќешниот боксерски спектакл на лондонскиот „Вембли“, а пред 96.000 гледачи беше поразен од сонародникот Даниел Дубоа.

Дубоа го нокаутираше Џошуа во петтата рунда со разорно десно кроше кое го погоди во брадата, по што Џошуа падна како покосен и не можеше да застане на нозе.

Судијата го прекина мечот, а со овој брутален нокаут Дубоа стана светски првак на ИБФ во тешка категорија.

Дубоа се наметна како подобар борач уште од самиот почеток на борбата, а на крајот од првата рунда го испрати Џошуа на подот и ја доби рундата со нокдаун. Џошуа беше спасен од ѕвончето кое означи крај додека судијата одбројуваше.

Џошуа со многу мака ги преживеа нападите на Дубоа во втората рунда, во која успеа да го заземе центарот на рингот и да го наметне својот ритам само во последните 30 секунди.

Дубоа продолжи да го декласира Џошуа во третата рунда, во која Џошуа повторно беше спасен од ѕвончето, четвртата рунда исто така му припадна на Дубоа, а во петтата рунда се случи последниот нокаут, по што немаше враќање за Џошуа.

За Џошуа ова е прв пораз со класичен нокаут во кариерата, а сега има биланс од 28 победи и 4 порази. Дубоа има скор од 22-2.

реклама

Шокантни сцени: Најголемото вештачко езеро во САД на најниско ниво досега

Read more

Колку долго јајцата можат да се остават надвор од фрижидер?

Read more

Детали за несреќата во Радишани: Возачот што избега му го пресекол патот на младиот мотоциклист кој загина

Read more

Полската економија е шеста по големина во ЕУ и е на добар пат да ја престигне Швајцарија

Read more

Останати спортови

Маркес: Фаворит сум за титулата, но уште една нема да ми го промени животот

Read more

Планетата го доби најбрзиот белец во историјата

Read more

Погачар по петти пат победи на Тур де Франс и влезе во историјата

Read more

Лут возач нападнал велосипедист на Тур де Франс

Read more

Спорт

  • play_arrow

Играч спречи контра напад и предизвика сообраќајка

Читај повеќе

Поранешни НБА играчи сакаат да играат во ВНБА, комесарот реагира итно

Читај повеќе

Војната продолжува: ФИФА жестоко одговори на критичарите на Инфантино

Читај повеќе

Мурињо практикува строгост во Реал: Едно правило спротивно на желбите на Мбапе

Читај повеќе

Бомбата што никој не ја очекуваше: Ливерпул го потпиша капитенот на Барселона

Читај повеќе

Винисиус го продолжи договорот со Реал

Читај повеќе

Тајните на ФБИ од СП го шокираа светот: Влегувам на стадионот за да го разнесам Меси со 4 бомби

Читај повеќе

Откажан натпреварот на Барса во Мароко поради мигрантската криза

Читај повеќе

Инфантино доби поддршка од Африка, Аргентина и Мексико

Читај повеќе