Достапна е новата верзија на апликацијата „МојДДВ“, има нови правила

Скопје, 4 август 2022 (МИА) – Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, информираше дека новата верзија на апликацијата „МојДДВ“ е достапна за корисниците на Huawei и iPhone, а се чека одобрување уште од Play Store, напоменувајќи дека апликацијата има нови правила и политика на приватност.

– По три години неопходни се промени во апликацијата „МојДДВ“, бидејќи имаме огромен број корисници. Ажурирањето е завршено за корисниците на Huawei и iPhone и тие може да ја преземат новата верзија, додека од Play Store уште немаме повратна информација кога новата верзија ќе биде ставена во оптек, рече Лукаревска во „Жешко политичко лето“ на Канал 5.

Апликацијата, како што додаде, има нови правила, политика на приватност, како и огромен број корисници поради што се одолговлекува процесот за проверки.

– Овие правила не зависат од нас како институција, туку од тимот што го уредува системот. Очекуваме во најскоро време тоа да биде надминато, појасни Лукаревска.

Во меѓувреме, посочи таа, како алтернатива корисниците може да ги користат баркод читачите и скенерите во сите подрачни единици на УЈП.

Според директорката на УЈП, оваа апликација помага во делот на сузбивање на сивата економија со тоа што граѓаните бараат повеќе фискални сметки на местата каде што пазарат, но истакна дека треба да се вложат повеќе други делови од општеството и сите инспекциски служби за да се избориме со сивата економија.

Од 2023 година, како што потенцираше Лукаревска, ќе се зголеми износот на лимитот од повратот од ДДВ.

– Баш одиме во чекор со соодветни економски текови. Мерката само ќе се унапредува, потенцира Лукаревска.

Во однос на ребалансот на буџетот и новите мерки, Лукаревска, која е и потпретседателка на СДСМ, напомена дека се одвојуваат многу повеќе средства за таргетираните категории на граѓани и дека истите ќе бидат навремено имплементирани.

– Со ребалансот имаме нова обврска, имаме нов износ на средства кои треба да ги прибереме. Повеќе од 20 милијарди. Повеќе средства ќе има за социјална помош, земјоделство, придонеси за плати, зголемени пензии но и повеќе средства за енергетска ефикасност. Мерките ќе бидат навремени бидејќи во моментот се следат сите капацитети. Ова не е спринт туку маратон, сите знаеме дека не чека долга есен и тешка зима, појасни Лукаревска.

Тагови
реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе